Правење на масло од канабис пред камери – Скопјанецот Дарко им помага на болните

Со скопјанецот, кој за потребите на овој прилог ќе го наречеме Дарко, иако тоа не е неговото вистинско име, се сретнавме доцна навечер во една од населбите во главниот град, вака телевизијаТелма ја започнува сторијата за правењето масло од канабис кое се повеќе болни го бараат и користат. Неговите лековити својства во некои земји се легални и дозволени, кај нас се уште НЕ.. Локацијата на која го подготвуваше маслото од канабис не ни ја кажа се` до договореното време за снимање. Стануваше збор за стан на едно од лицата, на кои Дарко им подготвува масло за да ги третираат своите болести.

maslo-1-630x373

Процесот на подготовка на маслото траеше околу шест часа, време за кое Дарко доби барем пет повици од луѓе кои или веќе користат медицинска марихуана или бараа совети од него како да го употребуваат маслото за соодветна индикација.

Според него, смешно е што воопшто се дебатира дали да се легализира неговата употреба.

– Пред неколку години никој не знаеше, сега сите знаат, а се прават дека не знаат. Затоа ви кажувам дека е многу смешно или глупаво, бидејќи сето ова личи на една огромна фарса. Тие луѓе што јавно го забрануваат, приватно го користат. Ова ви го тврдам – вели “Дарко”.

Дарко почнал да произведува масло од канабис пред четири години. Прво учел читајќи на интернет, но како што вели, техниката ја усовршил кога во странство имал средби со луѓе, кои со години се занимаваат со производство на медицинска марихуана.

Признава дека на „црниот“ пазар во земјава има многу неквалитетни масла, кои не само што не им помагаат на болните туку може и да им направат штета.

Причина за тоа е што дел од производителите сакаат да направат „брзи пари“ и мислат дека процесот се учи со гледање видео.

– Тоа ви е исто како на некој да му дадете да научи да вози следејќи инструкции на јутјуб. Да му кажете да го сврти клучот, да стисне кумплунг и да стави во прва брзина. Така ако може некој да научи да вози… од прилика исто е и со канабисот, подвлекува “Дарко”.

Ова, смета Дарко, е причина плус да се дозволи широка употреба на маслото од канабис, кое според неговото искуство, се покажало како ефикасно кај голем број заболувања.

– Мислам дека секое домаќинство во домашната аптека треба да има и еден шприц од 10 милилитри масло за секој случај, како прва помош, со оглед на тоа што се користи за изгореници, за рани, за убоди од инсекти.

Да имаше нешто штетно во марихуаната, со овие слики и со ваква пропаганда ќе бевме преплавени насекаде, оценува “Дарко”.

Една неодамнешна анкета покажа дека 70 отсто од македонските граѓани се за легализација на марихуаната за медицински цели.

Според најавите, тоа би требало да се случи до месец Март, но на неколкуте јавни дебати докторската фела и граѓанскиот сектор имаа сосема различни ставови во однос на законските измени.

Видеото погледнете го на – ТЕЛМА.МК

РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг. 

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. 

Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. 

Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..  

Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава. 

Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина. 

Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. 

Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање. 

Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. 

На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас.

ДУИ

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон - стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време - Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Популарно