Тест на личноста кој проверено ќе ви погоди се - само е важно целосно да се опуштите и да дадете искрени одговори.
Замислете дека се наоѓате во шума, и пред вас е еден пат. Не е во прашање страшна шума, туку убава, и магична. Затворете ги очите и целосно внесете се во приказната - која е бојата на лисјата, која сезона е, како сте облечени, и она што го гледате околу вас ... Потоа, земете пенкало и хартија и запишете ги одговорите на следниве прашања.
Немојте долго да размислувате, туку запишете го она што прво ви паднало на ум.
Прашања:
1. Замислете дека одите низ шумата со некого .. Кој би можел тоа да биде?
2. Движејќи се низ шумата гледате, не далеку од вас, животно. Кое е тоа животно?
3. Што се случува откако се сретнаа вашите погледи?
4. Продолжувате да одите низ шумата. Излегувате на ливада каде што ја гледате куќата на вашите соништа. Опишете ја нејзината големина?
5. Дали е оградена вашата куќа од соништата?
6. Влегувате во куќата. Одите во трпезаријата да ја видите трпезариската маса. Опишете што гледате на неа и околу неа.
7. Ја напуштате куќата преку задната врата и гледате пехар на тревата. Од кој материјал е направен?
8. Што ќе направите со пехарот?
9. Доаѓате до крајот на дворот, и од таму гледате река. Колкава е реката?
10. Треба да ја преминете реката. Како ќе го сторите тоа?
Откако сте ги запишале одговорите, погледнете што значат...
Одговори:
1. Човекот кој оди со вас - најважната личност во вашиот живот.
2. Големината на замисленото животно - ова е, всушност, големината на проблемите во вашата потсвест. Колку е поголемо животното, толку ви е потежок животот.
3. Како ќе реагирате на неочекуваната средба во шумата - го покажува најдобриот начин за решавање на вашите постоечки проблеми (агресивен, пасивен или бегство).
4. Големина на куќата што ја здогледавте - тоа е големината на вашите амбиции. Ако таа куќа е премногу голема, можно е да имате преголеми очекувања од животот.
5. Ако оградата не постои - вие сте отворен и слободен човек. Ако куќата има ограда - значи дека го цените личниот простор, и истото го очекувате од другите. Односно, вие никогаш нема да навлезете во личниот простор на другите без дозвола.
6. Ако во трпезаријата не видовте луѓе, цвеќиња или храна на масата, тогаш веројатно е дека сте длабоко несреќни. Колку повеќе работи има, толку сте посреќни.
7. Цврстината и долговечноста на материјалот од кој е направен пехарот, покажува колку силна вашата врска со лицето што оди со вас низ шумата.
8. Тоа што ќе го направите со пехарот во вашите мисли ја карактеризира вашата врска со човекот од прашањето број 1.
9. Големина на реката - тоа е големината на вашиот сексуален апетит.
10. Што "повлажно" изберете да ја преминете реката, толку е од поголема важност сексот во вашиот живот.