На чекор од историја: Cafe De Anatolia номинирани на Beatport Awards за “Hype Label of the Year”!

Македонскиот музички бренд Cafe De Anatolia продолжува да освојува глобални признанија, а најновата потврда доаѓа од Beatport Awards 2025, каде што нивниот подбренд Cafe De Anatolia LAB е номиниран запрестижната титула „Hype Label of the Year“ (LINK: https://www.beatportal.com/articles/826178-hype-label-of-the-year-2025

Македонската електронска сцена на светската мапа

Оваа номинација е историски момент за македонскатаелектронска музика, бидејќи досега ниту еден македонски издавач или артист не бил номиниран на глобално ниво за ваква престижна награда. Со овој успех, Cafe De Anatoliaу ште еднаш докажува дека македонските уметници имаат што да понудат на светската музичка сцена.

Што значи номинацијата за Beatport Awards?

Beatport, како една од највлијателните дигитални платформи за електронска музика, преку своите годишни награди ги препознава најиновативните и највлијателни издавачки куќи. Категоријата „Hype Label of the Year“ е резервирана за лејбли кои покажуваат исклучителна креативност, оригиналност и глобално влијание. Доделувањето на наградите ќе се одржи наскоро, а македонската електронска заедница со нетрпение го очекува исходот. Без разлика на резултатите, ова признание е јасен доказ за успехот, посветеноста и визијата што ја носи Cafe De Anatolia.

“Оваа номинација за нас претставува голема чест и признание за целата работа, љубов и страст што ја вложуваме во музиката. Но пред сè, ова е признание за нашата земја – малечка по големина, но голема по душа. Горди сме што нашата визија и музика допрела до толку многу луѓе низ целиот свет. Оваа номинација не е само наша, туку и на сите млади уметници од овој регион кои сонуваат големи соништа.“ - велат од Cafe De Anatolia.

Глобален успех и соработка со луксузни брендови

Препознаени од Forbes, Entrepreneur и други светски реномирани медиуми, Cafe De Anatolia е основоположник на жанрот Organic House, поставувајќи нови стандарди во електронската музика.

Издавачката куќа не само што создава музика што го освојува светот, туку и соработува со некои од најпрестижните брендови, како што се Giorgio Armani и Four Seasons Hotels, докажувајќи дека нивниот звук е повеќе од тренд – тоа е начин на живот.

Наследство на креативност и страст

Зад оваа успешна приказна стои долгогодишна работа, иновативен пристап и страст за музика. Cafe De Anatolia, кој го обликува електронскиот звук со уникатна фузија на органски звуци, ориентални мелодии и модерни електронски ритмови, со години гради своја препознатливост.

Издавачката куќа, која денес е светски бренд, беше основана од Зоран Илиев (Billy Esteban), Моника Илиева, Никола Илиев (Nickarth/Rialians On Earth), кои заедно со своите уметници создаваат нешто безвременско.

Големо признание за македонската електронска сцена

Номинацијата за Beatport Awards 2025 не е само успех за Cafe De Anatolia, туку и големо признание за Македонија како дел од светската електронска музичка сцена. Овој успех е резултат на долгогодишната посветеност на тимот и артистите, кои со својот автентичен звук освојуваат слушатели од целиот свет.

Доделувањето на наградите ќе се одржи наскоро, а македонската електронска заедница со нетрпение го очекува исходот. Без разлика на резултатите, фамилијата Илиеви веќе го остави својот печат во музичката историја.

МАКЕДОНСКИOT КРЕМ – ДЕ ЛА КРЕМ НА КОНЦЕРТЕН ПРЕДНОВОГОДИШЕН СПЕКТАКЛ СО ЕДЕН НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ...

Нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Тие од оваа година, па секоја наредна започнуваат традиција која ќе се памети.

Серија концерти кои ќе бидат предновогодишна традиција за сите љубители на добрата македонска песна. Концертот е закажан за 25 декември со почеток во 20.00 часот во специјално подготвен амбиент во СЦ Јане Сандански.

- Време е за нешто поинакво... Време е македонската музика да ја ставиме во прв план! На 25 декември во Јане Сандански нема да се случи обичен концерт, ќе се случи вечер за паметење, каде што ние изведувачите, придружувани од голем оркестар ќе бидеме едно со нашата публика.

Ќе приредиме традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција. Време е да ги вратиме градските боеми – вели Наум Петрески во најава за самиот настан.

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика.

- Огромна е возбудата. Се радувам што по многубројните концертни турнеи низ светот, јас и моите колеги конечно ќе се сретнеме со македонската публика, дома. Возбудата е уште поголема затоа што ова не е класичен концерт, туку боемска ноќ каква што Македонија и македонската музика заслужуваат – вели Сузана Гавазова

На 25 декември почнува новото поглавје на македонската музика. Со специјално креирано сценарио, технички можности и оркестар во живо, но и со ексклузивни гости кои ќе бидат дел од Македонската Кафеанска Вечер, салата на Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде сведок на нова традиција која организаторите посакуваат да трае со години.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба преку платформата www.wayin.mk, а многу наскоро се очекуваат и повеќе детали за настанот.

Јордан Митев по три години повторно на голема турнеја во Австралија

Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг…, практично Цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ, ќе снема билети… За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на турнејата се очекува да бидe комплетно распродадена цела турнеја…

Ако денот по утрото се познава, по повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл – Концерт на Јордан Митев во Македонија ќе биде шлаг на музичката торта.

Концертот ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите.

За да не биде како во Австралија, да се бара билет повеќе, картите се веќе пуштени во продажба преку платформата e–ticket, достапни на следниов линк. Онлајн билетите можат да се купат за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит..

Ќе бидат ова убава музичка есен и зима за нашиот Јордан Митев, а уште поубава за неговата најверна публика, било да е таа е во Австралија или во родната Македонија.

Пуштени во продажба билетите за големиот концерт на Јордан Митев

По повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл - Концерт на Јордан Митев полека но сигурно станува јаве. Деновиве веќе се пуштени и првите он лајн билети преку платформата e – ticket, достапни на следниов линк.

Концертот како што веќе најави Митев ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите...

Он лајн билетите можат да се купат се за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит.. Со почеток на билетите за најверните фанови започнува и кампањата за самиот концертен спектакл за кој Јордан Митев се подготвува во текот на целата година...

Популарно