Тарот гледачката Сабина и нејзините ЖРТВИ!

Сабина: Ваш супруг што је у хороскоп?

Жртвата 2: Сама сум, немам супруг.

Сабина: Многу сте духовити и добри, Бог је уз вас. Имате икона у куќа од Богородица.

Жртвата 2: Не, муслиманка сум.

Напомена: Секоја буква напишана во текстов е автентична и документирана

Саше: Добравечер, ова е повторно емисијата „Фактор икс“ на Сител телевизија. За жал, во ова време големиот хаос за џабе не се случуваат некои работи бидејќи во времето, самото коешто поминува, едноставно ни кажува дека треба да делуваме со огромна енергија и со потик за подобро утре, наше, сите заедничко, и за нашите деца. Бидејќи станува збор за нашите поколенија, да оставиме ние што сме живееле и на некој начин сме го упропастиле она што можеби да сме го направиле многу подобро, бидејќи нашите родители и нашите предци не размислувале можеби премногу да ни остават и на нас некоја убавина, да уживаме во животот. Да ги заборавиме сите оние војни, да појдеме во верата на Исуса и сите да веруваме во едно нешто, без разлика, и да се поштуваме меѓу себе. Сите традиции, сите можни, да речеме, луѓе коишто постојат на Земјината топка се подеднакво, со исто право, и сите животни воопшто надвор од... како животни нели, и луѓето, и ние сме, но и сите припадници на оваа Земјина топка коишто се надвор од луѓето имаат право да го живеат животот онаков каков што е. Војните се предизвикувачки од вештачки фактори, предизвикувачки од лошото. Ако продолжиме вака, во наскоро време ќе нè чекаат поголеми катастрофи. Не е ова заплашување, него само една опомена, која треба да се бориме против негативното, да не го дочекаме она страдалното. А бидејќи нема да страдаме - нема. Тоа е доказ од многу фактори дека меѓусебе само можеме да си направиме да си страдаме. И ќе кажам само дека еве оваа вечер за изгледот мој се погрижи женскиот салон „Џули“, кој се наоѓа во центарот на градот. Продолжуваме понатаму, значи, ве очекувам да останете и понатаму со нас, бидејќи имаме мало изненадување за вас... не изненадување, имаме една прекрасна дама, прекрасна госпоѓа, позната за некого, за некого можеби не, но сепак мислам за повеќемината дека е да. Ние почнавме да ги работиме тарот-картите, во неколку наврати тука во присуство беа правите тарот-карти на некој начин. Во нашето студио веќе е присутна и драго ми е што е присутна, но овојпат ќе видиме нели едни поинакви тарот-карти, но за тарот-картите какви се тоа ќе каже самата госпоѓа Сабина. Добравечер.

Сабина: Добро вече на сите што ме гледаат на телевизија Шутел...

Саше: Мислите на Сител.

Сабина: На Сител, се извинувам. Баш ми е мило ноческа што сум на телевизија, со Сашо, тоа е еден интелегентан дечко, ја само ги сакам интелегентните.

Саше: Да. Сабина, еве веќе подолг период се занимаваш со гледање тарот-карти, помагаш на луѓето, помагаш, едноставно овие карти коишто ти ги имаш... колку карти се во прашање станува збор?

Сабина: Триесет и шес. А ја имам тридес пет. Едната карта сум ја извадила, а тоа е смрт. А смрт на некого да му кажеш тоа е најлошо нешто во животот. И јас, мислим, секоја карта ја тумачам. Што значи, баш ми е мило ноческа што смо заједно, на телевизија.

Саше: Јас вечерва нема многу да зборувам, ќе оставам Сабина да им гледа на нашите гледачи, за они да се уверат како она гледа. Ало, еве ни гледач, добравечер, што си во хороскоп?

Жртвата 1: (женско): Вага.

Сабина: Колко имаш године?

Жртвата 1: Осумнаесет.

Сабина: А?

Жртвата 1: Осумнаесет.

Сабина: Ево, изненадна среча ти стои, нешто чезнеш, те чека и брак... нешто мало че да биде несречан овај брак, али че помине то. А вие сте исто од интелегентна фамилија, така ли е?

Жртвата 1: Па може да се каже.

Сабина: Нешто си била оштечена и душевно и материјално, разумеш?

Жртвата 1: Разумем.

Сабина: Нешто си многу расијана, а многу си духовита и добра и људите твојата доброта ја злоупотребуват....

Саше: Изгледа гледачката е исклучена, идеме на друг, ало, добравечер.

Сабина: Шта сте у хороскоп? Ево, видим овде, ви сте у кучи нешто оштечени и духовно и материјално. Ти имаш неко имање од твојата фамилија.

Жртвата 2 (женско): Не.

Сабина: Наследно нешто ти стоји.

Жртвата 2: Немам ништо.

Сабина: Ваш супруг што је у хороскоп?

Жртвата 2: Сама сум, немам супруг.

Сабина: Многу сте духовити и добри, Бог је уз вас. Имате икона у куќа од Богородица.

Жртвата 2: Не, муслиманка сум.

Сабина: Ааа, муслиманка сте... Све сте наидувале на некои погрешни особи. Немаш у никого поверења, така ли е?

Жртвата 2: Да.

Сабина: Од кај татко ти страна си имала некоја лоша особа и таа особа... нешто незгодни работи, не е згодно да зборам, ме разбираш...? Изненадна среќа ти стоји, нешто губиток, нешто си била оштечена и душевно и материјално... Што си имала проблеми, нешто со желудник?

Жртвата 2: Е не сум имала со желудник.

Сабина: А?

Жртвата 2: Не, не.

Сабина: Ја морам да ти кажем отворено зашто не смем да лажем, картите нема да ми се отвараат ако лажем. Дали сте задоволни, госпоџо од мене? Фала многу што се јави и пријетно.

Саше: Еве нов гледач. Добравечер.

Жртвата 3 (машко): Добровечер.

Сабина: Ти што си имал нешто проблеми со здравје?

Жртвата 3: Никогаш, фала богу.

Сабина: Фала богу. Нешто си се карал со жена ти.

Жртвата 3: Не, нема ништо такво.

Сабина: Што нервозан си у кучи?

Жртвата 3: Не сум нервозен.

Сабина: Нешто чезнеш, документи некои ти стоје од суд.

Жртвата 3: Не знам, не.

Сабина: На работно место успех ти стоји, работиш ли?

Жртвата 3: Не.

Сабина: Има једна година некако не иде. Што си у хороскоп моментално?

Жртвата 3: Вага.

Сабина: Вагите се многу духовити. Што си нешто био као оштечен и душевно и материјално? На људите све им кажеш у очи. Изненадна среќа ти стоји, далек пут, сега си бил на пут скоро.

Жртвата 3: Не знам, не сум бил нигде.

Сабина: Хвала пуно, пријетно.

Саше: Јас, господине, само сакам да ви кажам дека од вас се чувствува една огромна енергија, која е позитивна, и јас ќе ги замолам во режија да го запишат Вашиот број и јас и Вие да контактираме. Во ред? ... Во ред. Јас верувам дека ќе одиме ние понатаму. Имаме гледач на нашата линија.

Жртвата 4 (женско): Добровечер.

Сабина: Нешто си била оштечена и душевно и материјално, изненадна среќа ти стоји, Бог је уз тебе, нешто чезнеш. Дали си ти у брак со твојот супруг?

Жртвата 4: Да.

Сабина: Колко имаш године?

Жртвата 4: Четириесет. Покасно се мажев.

Сабина: Е па сега, тоа е.

Саше: Никогаш не е касно за ништо.

Сабина: Да... како што каже Саша, така. Изненадна среќа ти стоји. Има једна година некако не иде. Нешто губитак и нешто мало несречно че се осечаш и оштечена и душевно и матријално.

Жртвата 4: Фала пуно за то што си ми рекла, пријетно.

Саше: Јас само можам да додадам дека на гледачката ѝ претстои една блиска, блиска иднина и дека во некое наскоро време ќе се најде и патот до твоето спасение... Имаме друг гледач...

Сабина: Господине, ти секогаш си бил ценет во животот.

Жртвата 5: Да.

Сабина: На никого не си згрешил.

Жртвата 5: Тачно.

Сабина: Нешто си мало несречан био. Документи очекуваш у куќа, што си имал скоро некое недоразбирање? Вашата супруга што е у хороскоп?

Жртвата 5: Не знам, разведени сме.

Сабина: Несречан си био у браку. Изненадна среќа ти стоји и далек пут. А сад имате некоја особа поред вас?

Жртвата 5: Да.

Сабина: Шта је она у хороскопу?

Жртвата 5: Не знам... Није... не е моментално, али така, доваѓа...

Сабина: Од време на време...

Жртвата 5: Да.

Сабина: Шта си ти у хороскоп?

Жртвата 5: Рак.

Сабина: Ти си нешто био оштечен и душевно и матријално... Има једна година некако не иде. Оваа година имаат успех Ракови, водени знаци. А то је и Саша, он је воден знак, има успех...

Саше: Не, не, ја сум ваздух. Водолија.

Сабина: Водолиите имаат успех Раковите. Ајде замисли желба... Сега оваа желба за здравје ја замисли, нели?

Жртвата 5: Не.

Сабина: Да, да, видим ја тука дека ја замисли за љубав. Ја сум позната, мислим, личност и све кажувам ко што је...

Саше: Јас ќе го поздравам гледачот пред сè... Сабина, како што можеш да приметиш, јас не ти се замешувам во ништо, бидејќи гледам дека исцрпно се трудиш, напорно се трудиш и многу ми е драго што си ми гостинка. Сега да зборуваме малку за Сабина. Што се случува со Сабина, од кај е таа способност кај неа?

Сабина: Па види, мајка ми, она је мислим од потекло од Босна, и она нешто имала некоја дарба. И она пред да умре, она вика, на тебе че ти оставам аманет. И ја ја сонувам мајка ми на трипати и она вика људите имаат мака, мора да помагаш. И ја така им гледав на људите, ја знаев дека ќе се деси ова у Америка и тој ден палев свеќа за македонскиот народ. Пуно поздрав до сите што ме гледаат, македонскиот народ је духовит и добар, мислим ја сам Босанка и ќе останам, али... добро, има секакви луѓе... духовити кај мене пуно има, ја знам и албански, зашто ние Раковите сме многу интелегентни, знаеме јазици. Баш ми е мило на телевизија Сител што сум, цела Македонија ме гледа, пуно поздрав до сите тие, и што ме обожаваат, и ја сум позната личност...

Саше: Да, и повторно ќе ве повикаме. Ова драги гледачи беше уште едно видување од погледите на аспектите на тарот-картите. Јас овојпат не сакав да се замешувам и да се мешам, да не испадне голема мешаница. Како и да е, јас верувам дека сите нас, како и вас, ќе ни биде драго да видиме следниот пат во истото време, дотогаш ве поздравувам. За мојата фризура си се погрижи мојата фризерка, бјути салон „Џули“, а вие останете на телевизија Сител бидејќи има многу добри филмчиња, а верувам и многу други интересни работи. Бидете ми добри.

7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Со огромна гордост објавуваме уште еден значаен успех, 7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Овој успех не е само бројка, туку доказ за довербата што ја градиме со години заедно со македонската бизнис заедница. KARIERA.mk денес е многу повеќе од платформа за огласи тоа е целосен HR екосистем кој ги поврзува компаниите и барателите на работа.

Во изминатиот период, континуирано инвестиравме во иновации и нови решенија:

  • HR scanner - стратешка и аналитичка алатка која го трансформира управувањето со човечки ресурси
  • KARIERA AI - паметни технологии за побрзо и попрецизно пронаоѓање кандидати
  • KARIERA настани - eдукативни работилници каде што експерти од индустријата споделуваат знаењa, искуства и практични стратегии
  • KARIERA Hub - центар за знаење, ресурси и кариерен развој
  • MojaKARIERA - платформа за физички лица што овозможува полесно поврзување, вмрежување и пристап до нови кариерни можности

Секој чекор напред е резултат на заедничка визија модерен, ефикасен и поврзан пазар на труд.

Зад оваа бројка стои силна заедница:

  • Илјадници реализирани вработувања
  • Континуиран раст на активни огласи
  • Вмрежување на компаниите и физичките лица на едно место
  • Поддршка во секој чекор од кариерниот пат

Нашата мисија останува иста да бидеме мост помеѓу компаниите и талентите, но и да создадеме простор каде што можностите и луѓето се среќаваат.

Голема благодарност до сите 7000 компании и илјадниците корисници кои се дел од KARIERA.mk. Ова е заеднички успех!

Продолжуваме уште посилно со нови алатки, повеќе можности и уште подобро вмрежување помеѓу компаниите и луѓето. 

KARIERA DAYS vol.3 Агенда: Целосна програма за 15 и 16 мај во East Gate Mall

Подготвени сте за кариерен пресврт? На 15 и 16 мај, East Gate Mall се трансформира во динамичен лавиринт каде секоја патека води до нови професионални хоризонти. Оваа агенда не е само распоред на часови, туку твоја лична мапа за навигација низ најдобрите можности на пазарот на труд.

Погледни што те очекува и планирај го твоето време паметно:

📅 ДЕН 1 | Петок, 15 Мај: Први чекори и инспирација

13:00 – 18:00 | Посета на штандови

Ова е твоето време за директен контакт. Искористи го целиот попладневен термин за разговор со претставниците на водечките компании, дознај ги нивните внатрешни култури и информирај се за активните огласи во живо.

14:00 – 15:00 | Кариерни совети: Твојот професионален компас

Приклучи се на сесиите за советување каде експерти ќе ти помогнат да го средиш твоето CV и да добиеш насоки како да се претставиш во најдобро светло пред работодавците.

16:00 – 16:30 | Тркало на среќата: Награди за храбрите истражувачи

Малку адреналин и многу изненадувања! Заврши го првиот ден со позитивна енергија и вредни подароци.

📅 ДЕН 2 | Сабота, 16 Мај: Акција и нови почетоци

12:00 – 18:00 | Продолжување на потрагата (Посета на штандови)

Ако пропушти некоја компанија првиот ден, денес е шансата да го надополниш тоа. Лавиринтот е отворен за сите нови конекции.

13:00 – 13:30 | Тркало на среќата: Прва доза изненадувања

Започни го вториот ден со нова шанса за добивка пред да се впуштиш во најинтензивниот дел од денот.

14:00 – 15:30 | Speed Interview: Брза патека до работа

Ова е „срцето“ на лавиринтот! Искористи ги овие 90 минути за кратки, но клучни интервјуа со работодавците. Биди концизен, биди подготвен и остави впечаток за само неколку минути.

16:00 – 17:00 | Кариерни совети: Финални стратегии

Заврши го твоето патување со дополнителни консултации и одговори на сите дилеми кои ти се појавиле за време на настанот.

Зошто да бидеш дел од KARIERA DAYS vol.3?

Ова не е класичен настан за вработување ова е интерактивна платформа каде човечкиот контакт е во центарот. Без разлика дали бараш прва работа, промена на кариерата или само сакаш да ја почувствуваш пулсацијата на пазарот, „Лавиринтот на можности“ е местото каде треба да бидеш.

Влези во лавиринтот и пронајди го својот излез кон успехот!
Регистрирајте ја вашата компанија ТУКА 

Успешно реализиран настанот Global HR Vision во организација на KARIERA.mk

Настанот Global HR Vision, во организација на KARIERA.mk, кој се одржа на 23 април во престижниот Skopje Marriott Hotel, беше успешно реализиран и уште еднаш потврди дека HR заедницата во регионот има силен капацитет за развој, иновации и меѓусебна соработка.

Овој настан претставуваше значајна платформа за поврзување на HR професионалци, менаџери и лидери од различни индустрии, со цел размена на знаење, искуства и најдобри практики. Програмата беше внимателно креирана за да одговори на актуелните предизвици со кои се соочува современиот пазар на труд од трансформацијата на работните места под влијание на технологијата, до градењето одржливи организациски култури и привлекување и задржување на таленти.

Особена вредност на настанот му дадоа врвните говорници: Nadina Tyropolis, Majda Berislavić, Harbir Singh Rissam, Peter Spannagl и Ilona Popczyk. Со својата експертиза, професионален пристап и инспиративни излагања, тие понудија длабоки увиди и практични насоки кои учесниците ќе можат директно да ги применат во своето работење. Нивниот придонес беше клучен за креирање на динамична и ангажирачка атмосфера, која поттикна дискусии и отвори нови перспективи за иднината на HR функцијата.

Воедно, би сакале да изразиме искрена благодарност до нашите партнери и спонзори: Motivi Employments, Titan Usje, Pikasa Analytics, Sparkasse Bank AD Skopje, Croatia Osiguruvanje, Alkaloid AD Skopje, Grand Kafa, Štark, Vineto HR и A1 Macedonia. Нивната доверба, поддршка и посветеност беа од суштинско значење за квалитетната организација и реализација на настанот.

Global HR Vision не е само настан, туку иницијатива која има за цел да ја поттикне трансформацијата на HR индустријата и да придонесе кон создавање поиновативна, поинклузивна и поефикасна работна средина. KARIERA.mk и понатаму ќе продолжи активно да инвестира во вакви проекти, со цел да обезбеди континуиран развој на професионалната заедница и да создава можности за вмрежување, учење и раст.

Им благодариме на сите учесници што беа дел од ова искуство и придонесоа Global HR Vision 2026 да биде настан кој ќе се памети: EVN, Van Hool, WIK Macedonia, Raguza, Varus, Produkcija Perspektiva, UNIJA ETL ACCOUNTING, ASEE BSS, KIEL Macedonia, Law Office Tošić & Jevtić, Foxit, Alkaloid, A1, OIP, Makpetrol, Evrotip, TRIGLAV Insurance, Women in Tech, USJE, Halkban, Novo Nordisk Pharma, ATLANTIC ŠTARK, Grand Kafa, Eko Logistic Service, Silk Road Bank, Kromberg & Shubert, Maliqi Group, Vega, Special Eye Hospital DENICA, Via Pharm, Nova High School, Studio Moderna Tikvesh Vinary, Sparkasse Bank, Croatia Insurance, TTK Banka, Leoron, Motivi, Pikasa, AUE FON.

Ви благодариме за присуството и позитивната енергија!

Погледнете дел од атмосферата во продолжение, се гледаме на следниот настан!

Во прилог галерија од фотографии:

Популарно