Лепа Брена знае како да ужива.
Овој викенд таа најпрво ги воодушеви своите фанови на настап во Штудгарт а потоа издвои време и за себе, за уживање.
Мала ноќна прошетка низ Штудгарт – напиша таа на својот Инстаграм профил под фотографијата која ја постави.
Таа на фотографијата позира во елегантно заводлив црн фустан, покрај отмениот автомобил, кој од својот сопруг Слободан Бобан Живојиновиќ го доби на подарок пред неколку месеци.
Брена имаше доста причини за супер расположение, бидејки нејзините фанови одлично ја пречекаа.