ВИДЕО: Секта која повикува на инцест и групен секс го освојува Балканот!

Озлогласена американска секта позната по оргиите и „хуманитарните цели“, „Д Фемили Интернешенел“, претходно позната како „Д Чилдрен оф Гад“, од 1995 година делува на територијата на Србија со седиште во Нови Сад.

Од неодамна оваа секта, сокриена зад марионетски фирми, фондации, организации и здруженија, собира голем број млади од Нови Сад во едно популарно кафуле во центарот на градот.

Српските медиуми со месеци ги истражувале активностите на оваа контроверзна секта во Нови Сад и дошле до страшни податоци. Имајќи во предвид дека „Деца на Бог“ не е регистрирана ниту како организација ниту како религија или верска установа, пронаоѓањето на цврсти докази за нивните вистински активности претставувало колосална задача. Сокриени зад стотици организации, фирми и фондации, успеале својата мрежа да ја прошират низ целиот свет, од Америка, преку Балканот па се до Јапонија.

Оваа секта претставува секташка верска организација која е основана во 1968 – ма година во Калифорнија. Оформена е за време на хипи движењето, делува во околу 100 земји и има најмалку 32.000 следбеници ширум планетата.

Основач и лидер на сектата бил Дејвид Берг, познат под псевдонимите Мојсеј Дејвид, Крал и Последниот пророк Дејвид. Како што се развивала и ширела сектата ширум светот, Берг, во 1974 година започнал со проповедање на еванѓелистичка метода под називот „Флрти Фишинг“, односно искажување на љубовта кон Бог преку секс.

Библиски верувања, со додаток на инцест

Верувањата на оваа секта се засновани на Библијата, но оваа секта пропагира неконвенционални верувања кои се многу атипични надвор од сектата.

Слободниот секс претставува главна карактеристика на сектата. Имајќи во предвид дека членовите на сектата живееле во комуни, групниот секс бил многу честа појава, но сексот со поединци кои не се членови на сектата бил строго забранет. Забраната следела по појавата на СИДА.

Исто така, сектата често била на удар на медиумите и полицијата поради сексуалните односи меѓу возрасни и деца, деца меѓусебно и родители со сопствените деца. Еден од шокантните записи, односно проповеди на Берг е книгата „Секс со баба“, каде е опишан главниот чин и чувствата за време на истиот.

Како оваа секта дошла во Србија? Кои се нејзините активности? Како делува?

Според официјалните податоци, претставници на оваа секта прв пат дошле во Србија во 1995 година како мисионери носејќи помош на оние кои биле најзагрозени за време на војната. Американецот Џефри Вормус и Ана Вормус од Финска први ја посетиле Србија во рамки на „божјата мисија“ за која, како што тврдат, самиот Бог ги одредил.

Нивната мисија се одвивала во рамки на проектот „Лечење на срцето-Балкан“, кој е под надзор и финансиска поддршка на „Д Фемили Кер Фодејшн“(ФЦФ).

Доколку ја посетите интернет презентацијата на ФЦФ, на дното на страницата ќе ја најдете мапата на светот. На таа мапа се наоѓаат локации на кои ФЦФ делува. Кога ќе кликнете на Европа, потоа на Балкан, па на Србија, односно Војводина, ќе бидете пренасочени на интернет презентацијата на хуманитарната организација „Хелинг Хартс Балканс“.

Податоци за регистрација на оваа хуманитарна организација не се пронајдени, но пронајдена е официјалната адреса, на која исто така се наоѓа и градинката на сектата под назив „ Early Birds Kids Club“ .

Прва посета на Нови Сад-на EXIT во 2008

Претставниците на сектата прв пат го посетиле Нови Сад во 2008 година за време на Егзит фестивалот. Се верува дека група млади набрзо по фестивалот се доселиле во Нови Сад каде организирале работилници и курсеви по странски јазици.

Глобалниот феномен и светската диџеј сензација HUGEL на 3 август во Охрид

Од сцените на Tomorrowland и EDC до магијата на „Билјанини Извори“, еден од највлијателните диџеи на денешницата, HUGEL, пристигнува во Македонија. На 3 август, Охрид ќе стане центар на глобалната клубска енергија со настап каков што досега не сме виделе на овие простори. 

Со над 1 милијарда стримови на дигиталните платформи, милионски прегледи на социјалните мрежи и бројни први места на Beatport, HUGEL е артист кој го редефинира звукот на денешната електронска музика. Како предводник на Latin и Afro House жанровите, тој ги спојува традицијата и културата на Медитеранот со современиот пулс на светската денс сцена.

Роден во Марсеј, кариерата ја гради во Франција, Шпанија и Ибица, каде што станува резидент во некои од најпрестижните клубови како Pacha и Ushuaïa. Неговиот глобален пробив започнува со “Morenita”, а се зацврстува со синглот “I Adore You”, песна која влезе во германската и британската топ-листа и стана масовен хит на TikTok и Instagram со над 36 милиони прегледи.

HUGEL е артист со статус на глобален феномен, со настапи на најпрестижните светски фестивали како Tomorrowland, EDC Las Vegas, Lollapalooza, Mysteryland, Parookaville и World Club Dome. Тој важи за еден од највлијателните диџеи на современата денс-сцена.

Концертот на HUGEL во Охрид ќе биде продукциски усогласен со светските стандарди. Организатори се Intermezzo Music Rituals во соработка со „Прагма продукција“ кои најавуваат: високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој ќе понуди целовечерно аудиовизуелно доживување.

Публиката ќе има можност да ги доживее во живо траките што се вртат во сите клубови од Мајами до Берлин. Освен “Morenita” и “I Adore You”, HUGEL ќе изведе сет исполнет со неговите најнови ремикси и неиздадени продукции.

Ова лето, Охрид ќе стане дел од светската мапа на електронската музика. Еден од највлијателните диџеи на нашето време, HUGEL, го избра „Билјанини Извори“ како своја следна дестинација и тоа во екот на неговата најголема светска турнеја.

Бројот е строго ограничен, а интересот е очекувано огромен, затоа резервирајте го вашето место навреме. 

Картите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер, а првите 100 билети ќе бидат достапни по промотивна цена од 1.500 денари.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5675

Како растевме, што преживеавме и каде сме денес: 2Бона го објавија ‘94 - прв чаптер!

По неколку месеци интензивна работа, македонското дуо 2БОНА на стриминг платформите го пласираа “Chapter 1” - првиот дел од албумот со наслов ‘94 – проект кој дава старт на летото на 2025 година и внесува свежина во регионалната музичка сцена.

2Bona го претставуваат првиот чаптер од новиот албум ‘94 кој што раскажува моќна музичка приказна за генерацијата која остави трага.

Албумот „94“ е инспириран од годината на раѓање на Кун и Тони, и претставува интимен, но истовремено енергичен белег на генерациите што растат помеѓу дигиталниот свет. Секоја песна носи дел од нивното лично и музичко созревање, измешано со современи битови, улична естетика и емотивни текстови.

Во овој прв дел може да се слушнат и видат 6 песни и 6 видео записи за истите - “Еверест”, “Ради реда”, “Лето”, “Еурека”, “Сука” и “Мозаик”

Мнозинството од песните од овој чаптер се колаборации со македонски артисти вклучувајки ги Тајзи, Барбара Поповиќ и младите артисти на Горила ТВ - Шаро, Инсерта, Фико, Муфи и Вански.

Во продукцијата учествуваа продуцентите Лазар Цветковски, Иле Спасев, Марио Јелиќ - Кун и Филип Андреев кои овој албум го обележаа со уникатен и квалитетен звук. 

„Со ‘94’ сакавме да ја раскажеме нашата приказна – како растевме, од каде почнавме, што преживеавме, и каде се наоѓаме денес. Овој албум не е само за нас, туку за секоја генерација која се бори да остави белег,“ – велат Кун и Тони. 

Албумот е достапен на сите стриминг платформи, вклучувајќи Spotify, Apple Music, YouTube Music и Deezer

Со „94“, 2Бона сакаат да пренесат јасна порака дека музиката може да биде и вистинска уметност но, и глас на генерацијата. 

Уживајте во првиот Chapter 1:

„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука

Јана Стојановска е наш претставник на овогодинешниот интернационален Ѓурговденски Фестивал во Бања Лука кој оваа година го има своето 31 во издание. Дваесетина изведувачи од Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Литванија и Македонија донесуваат нови композиции за кои организаторот се надева дека ќе станат дел од секојдневието на генерацијата која расте и сака да расте заедно без никакви граници и препреки. Токму таква е и пораката која ја испраќа песната,, Наша Песна" која ја изведува нашата  единаесетгодишна Јана. 

Јана е ученик во V одделение при основното училиште Кузман Јосифовски - Питу во Скопје и од 2023 та е член е на хорот Златно Славејче. Автори на композицијата на Јана се Ристо Самарџиев и Давор Јордановски. 

Гласајте за „Наша песна" реден број 14 на нашата Јана ОВДЕ.

Популарно