Зголемување на пенис во Македонија: Колку мажи досега го направиле?

Македонец поради димензиите на пенисот, до 24 години немал сексуални односи, бидејќи се срамел. Имал комплекс кој преминал во психичка траума. Момчето имало нормална ерекција и можело да има нормални сексуални односи, меѓутоа било убедено дека неговиот пенис е многу мал и недоволно дебел.

osnovana-partija-na-mali-penisi-koj-smee-da-se-zachleni-240663

-Му се објасни протоколот на работа и се направи интервенцијата - за Телеграф.мк вели специјалист хирург-уролог, д-р Александар Мицковски од приватната клиника „Аџибадем Систина“.

Сексуални односи по интервенцијата не се дозволени во првиот месец. Една ваква интервенција трае околу еден час и петнаесет минути. И најчестата старосна граница на ваквите пациенти е помеѓу 28 и 40 години.

- Сега момчето си функционира најнормално, редовно доаѓа на контроли и комплетно е задоволен од интервенцијата - објаснува доктор Мицковски.

Хируршката интервенција на зголемување на машкиот полов орган е релативно нова процедура во македонското здравство. Ретко ќе најдете маж кој ќе зборува за ваков „проблем“, доколку го има. Мала е бројката на оние што се одлучуваат на ваков потег. Меѓутоа, со достапноста на информациите на интернет, работите полека се менуваат.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ досега се оперирани повеќе од 10 пациенти.

- Се работи за еднодневна интервенција - пациентот лежи во болница само еден ден. Интервенцијата се изведува низ минимален рез кој потоа не се забележува, но ефектите се извонредни. Се вградуваат природни материјали, како перикард (обвивката на срцето од животинско потекло) и вештачки материјали. Тие се како лист хартија со кои се замотува пенисот и пациентот добива ширина која е прифатлива за него. Максималната должина што може да се добие со хируршка интервенција, според медицинските протоколи, е 2,5-3 сантиметри.

Најчести барања на пациентите се во еден акт да се добие продолжување на пенисот - елонгација и задебелување - аугментација. Пациентите ги прифаќаат реалните вредности за да немаат последици врз ерекцијата и сексуалниот живот.

- На интернет има многу препарати што се користат за зголемување на пенисот, но јас строго забранувам нивна употреба бидејќи во таквите препарати многу често има парафин кој прави страшни компликации, од затворање на кожата на пенисот до неможност за мокрење. Сме оперирале и пациенти што имале компликации од средства за зголемување на пенисот. Па последиците се од еректилна дисфункција до тотален деформитет, болки при сексуални односи. Затоа мојот апел е таквите препарати воопшто да не се употребуваат - раскажува доктор Мицковски.

На интернет може да се најдат многу „рецепти“ како да си го зголемите половиот орган, но речиси ниту еден од нив не е безбеден за здравјето.

Како најефикасен метод се покажале т.н. пенисни екстендери кои овозможуваат просечно зголемување од 1,8 до 2,3 сантиметра. Сепак, овие дополнителни сантиметри се резултат на макотрпна терапија. Потребно е да се издржи четири до шест часа истегнување на ден во период од четири до шест месеци.

Исто така и „пенисна пумпа“ е едно од „помагалата“ што го продолжуваат фалусот со помош на вакуум, но и овој метод не се покажал како ефикасен. Постојат и скротални прстени, крути или еластични ленти кои се ставаат околу коренот на тестисите и пенисот и можат да помогнат во зголемување на пенисот и да одржат ерекција кај мажите кои болeдуваат од анксиозност, но ваквата евалуација е извршена на само два случаја.

Затоа, официјалната медицина ги забранува овие препарати. Ваквите компликации се решаваат, но многу потешко. Некогаш и операцијата не може да помогне при корекција на последиците од користење на овие препарати. Парафинот што најчесто го вшприцуваат ги опфаќа и крвните садови и нервите и со неговото вадење, кое прави лузна, практично се откорнуваат и крвните садови и нерви и тоа е многу тешка процедура. Многу потешка отколку примарната операција. Најголема последица - пациентот може трајно да остане сексуално неактивен.

Инаку, во болницата во Велес пред неколку години е извршена првата операција за зголемување на пенисот во Македонија во јавното здравство. На млад пациент за неколку сантиметри му бил зголемен половиот орган. Операцијата ја извршиле велешкиот уролог д-р Горан Јовиќ и пластичарот д-р Боро Џонов од Скопје.

Според некои истражувања, просечната големина на пенисот во ерекција изнесува од 12, 7 до 17,8 сантиметри. Македонците спаѓаат во просечната категорија со 13,98 сантиметри.

Хемотерапијата не дејствува во 97% од случаите

Ракот се смета за втора водечка причина за смрт во светот, особено во САД. Само во 2015 година имало околу 1.657.000 случаи на заболени од рак, а се очекува наредните години од оваа болест да умрат околу половина милион луѓе само во САД! Тоа се шокирачки податоци добиени од Националниот институт за здравство.

И додека речиси сите третмани на лечење се состојат исклучиво од хемотерапија и операции, ретки се оние лекари кои не потклекнуваат под влијанието на парите и на луѓето им ја кажуваат вистината за овој третман. Еден од нив е доктор Петар Гиден, кој резултатите од своето истражување го објавил во списанието Journal of Clinical Oncology. Ова истражување минало незабележано иако во него е кажано сè!

Истражувањето е објавено во ова медицинско списание, но пошироката јавност не ги знае сите факти за хемотерапиите и лековите кои заболените мораат да ги купуваат од фармацевтските компании. Во овој случај нема некаков заговор. Факт е дека лекарите заработуваат на хемотерапијата!

„Хемотерапијата е неефикасна во 97% од случаите. Кога ‘Форд’ би произведувал мотори кои би експлодирале во 97% од случаите, мислите дека  сè уште би останал на пазарот? Се разбира дека не“, вели Гиден, кој дополнува дека ист е случајот со терапијата која убива луѓе.

Австралиската студија која се занимава со проценката на ефикасноста на цитоксична хемотерапија, во своето истражување за стапката на преживување  во период од пет години по земањето на терапијата кај возрасните луѓе кои се заболени од малигни болести открива дека вкупното влијание на цитоксичната хемотерапија во Австралија достигнало само 2,3%, додека во САД, само 2,1%. Така што јасно е дека придонесот на хемотерапијата во лечењето  рот е минорен.

Гиден наведува дека ова е само еден пример за таканаречениот здравствен систем, на кој му е поважен профитот, а не здравјето на луѓето.

„Ова е врвот на контролата што  фармацевтската индустрија ја има над сите нас“, порачува Гиден.

Вториот лекар кој дели слична перспектива е доктор Леонард Колдвел. За него хемотерапијата е отров на медицинскиот систем. Тие го бомбардираат целиот човеков организам и тогаш ви кажуваат дека ракот е во фаза на ремисија.

Тој напоменува дека статистиката на стапката на лечење рак се однесува на преживувањето во рамки од пет години од примањето на терапијата.

„Хемотерапијата ги уништува сите биохемиски и биоелектрични функции во телото“, вели Колдвел. „Со оглед на тоа што во вашето тело ништо не функционира, вие повеќе немате ни рак, а мислите дека сте излечени. Но,  како што телото ќе  заздравува, ракот ќе се враќа и вие сте мртви“, напоменува Колдвел.

Тоа е напад со смртоносно оружје, изјавил и додал дека кога ќе  озрачите некого, тоа ќе предизвика лузни, а лузните никогаш повеќе нема да станат здраво ткиво.

„Проблемот е начинот на кој лекарите се обучуваат. Лекарите никогаш не учат како да ги лечат луѓето“, вели Колдвел. „Тие само учат како со хемиски средства или операции да ги сузбијат симптомите. Тие никогаш не се занимаваат со причината“.

Колдвел исто така напоменува дека меѓу пациентите има сè поголема стапка на самоубиства, но и сè поголема стапка на склоност кон алкохол и дроги. Лекарите одвреме-навреме сфаќаат дека нема никаква алатка со која може да им помогнат на пациентите и дека тие всушност ги убиваат своите пациенти“, вели Колдвел.

„Кога ќе се запишете прва година на медицински факултет, навистина сте возбудени, давате сè од себ, сè додека не сфатите деа тоа што ќе му го направите на пациентот всушност ја загрозува неговата состојба. Се случува и тој самиот да се излекува“, додава Колдвел, кој е убеден дека сè  поголем број  болести можат да се излечат доколку пациентите се откажат од хемотерапијата и побараат алтернативно решение, како што е спречувањето на киселоста на организмот!“

Внимавајте на ова: Колку пати е нормално да мокрите во текот на денот?

Колку често одиме во тоалетот зависи од здравјето на телото, вели старата изрека. И кога станува збор за мокрење, тоа покажува колку нашето тело е хидрирано. Затоа, често се прашуваме дали мокрењето почесто е нормално. Одговорот на ова прашање го дал д-р Нил Графштајн, професор по урологија во Њујорк. Еве некои важни информации што треба да ги знаете за самата урина и мокрење.

Иако не постои оптимален број пати на кој може да се утврди од тоа колку често во текот на денот треба да уринираме, лекарите велат дека одењето во тоалет за оваа намена треба да биде најмалку четири пати на ден до максимум седум пати. Ако мокрите повеќе од тоа, не се грижете. Тоа не е веднаш знак за паника, бидејќи фреквенцијата на мокрење влијае на голем број фактори, особено начинот на кој го хидрирате вашето тело.

Што е нормално На пример, ако пиете многу вода, логично е што почесто ќе одите во тоалетот. Возрасните треба да пијат осум чаши вода дневно. Покрај тоа, ако пијат многу алкохол, кафе или други течности кои го иритираат мочниот меур, се очекува дека често ќе го посетат тоалетот.

Исто така постојат и оние кои имаат слаб меур и веднаш трчаат да мократ веднаш штом почувствуваат најмала потреба.

Што ако пречесто уринираме?

Ако потребата за мокрење ја надмине бројката од 11 пати на ден, а се внесуваат две литри течност, можно е дека тоа е посебен здравствен проблем. Во овој случај веднаш треба да посетите лекар. Треба да се забележи и дека честото мокрење е еден од знаците на дијабетес.

Руски народен лек, кој го чисти целиот организам и спречува рак!

Овој народен лек спречува и создавање на канцерогени клетки, што е повеќе пати потврдено од научни истражувачи.

Вашата најдобра опција за чистење на крвните жили можеби е подготовка на природни лекови.

Белиот лук и лимон се многу ефикасни во прочистување на крвните жили, го намалуваат нивото на холестерол, ги зацврстуваат ѕидовите на артериите, и го намалуваат ризикот од опасни болести, како што е атеросклероза.

Оваа тинктура со лимон и бел лук се користи во руската народна медицина, и тоа со децении.

Белиот лук содржи големи количини на антиоксиданси кои регенерираат и подмладуваат.

Ви го претставуваме рецептот со кој ќе ги исчистите крвните жили од холестеролот.

Состојки:

4 главички бел лук, 4 лимони со средна големина (природни, органски, неодгледувани), 3 литри зовриена вода.

Подготовка:

Раздвојте го белиот лук на парчиња и очистете ги. Исечете го лимонот на кришки и ставете го водата. Сомелете ги состојките заедно. Ставете ја мешавината во чиста стаклена тегла и прелијте со 3 литри зовриена вода до врвот. Покријте и оставете го во фрижидерот 3 дена да отстои. После тоа чувајте ја во фрижидерот додека не ја потрошите.

Подготовка:

Максималната доза е 50 милилитри 3 пати дневно, пред јадење. Но, чистењето на крвните жили треба да се почне со помали доза (1 до 2 лажички). Ако не чувствувате никаква неудобност, полека зголемете ја дозата на препорачаната количина. Траењето на овој третман е 40 дена. Препорачливо е да ги чистите крвните жили на овој начин еднаш годишно.

За чистењето од маснотии, овој напиток ќе ви ја подобри циркулацијата на крвта и нејзиниот систем, нормализирајќи го крвниот притисок и подобрувајќи ја циркулацијата на крвта во мозокот. Освен тоа, овој лек ќе ви помогне и да ослабете.

Популарно