Скопјанец силувал куче на Кеј!

Грозоморниот чин се случил минатата недела на сред бел ден на кејот на Вардар од страната на Керамидница. Лице на возраст од 25-30 години мачело и силувало куче , кое по чинот влегло во една од куќите на таа страна од Вардар, велат од Анима мунди.

13102016112652_web_stray_dogs_20141204_slk_0111f

„Сведоци биле повеќе лица кои седеле на клупите од страната на Аеродром, кои реагирале, и веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која се скрил монструмот, силувачот на кучето. Шокирани сме што се се случува во Македонија и што се е се толерира во нашето општество. Шокирани сме што монструми кои се закана за секого шетаат, немаат страв од никого и среде бел ден се изживуваат врз послабите, во случајот врз бездомно, младо куче, кое не можело да избега“, стои во соопштението на здружението.

Велат, иако е пријавено, полицијата нема интерес или механизам да изврши претрес, вештачење и да го приведе лицето кое го извршило монструозниот чин.

„Адвокатскиот тим на Анима Мунди контактира со сведоците и бараме најстрога казна и правда за злоставуваното куче. Каква порака се пренесува на овие деликвенти и психопати, доколку не бидат најстрого санкционирани? Кој ги штити луѓето, децата, животните во нашето општество, колку сме безбедни кога социопат, сексуален манијак, зоофил, зооераст слободно шета и силува животни на кеј, пред очите на другите луѓе? Која е нашата порака кога на монструмите никој ништо не им може? Така на пример во Кочани, силувачот на кучиња кој беше 10 пати пријавен од локалното население, здруженијата за заштита на животни за мачење/силување/убивање кучиња, сега е повторно на слобода и без било каква контрола – насилникот повторно слободно шета, собира кучиња , ги носи на напуштени локации за потоа да на животните им се губи секоја трага, а на местото остануваат искористени кондоми или мрши, велат од Анима Мунди.

Од здружението ги повикуваат Министерството за внатрешни работи, АХВ и општинските власти да ги вложат сите напори за да ваквите лица бидат казнети и сместени во затвор.

Коментари

Популарно