ФОТО: Александра Амброзио во бикини ужива на плажите во Лос Анџелес

Приватниот живот на поранешниот ангел на Victoria’s Secret Алесандра Амбозио е во фокус на таблоидите откако се дозна дека е во врска со Италијанецот Николо Оди.

37-годишната заносна убавица го продолжува одморот во Калифорнија, а овојпат папараците ја „уловија“ како се забавува на плажа во Лос Анџелес со новиот дечко и како игра одбојка со пријателите, облечена во минијатурни црни бикини.

Амброзио во март годинава се раздели од Џејми Мазур, со кого беше свршена 10 години и имаат две деца заедно, деветгодишната Ања и шестгодишниот Ноа.

Медиумите не знаат многу за Николо, освен тоа дека во 2016 година го основа неговиот моден бренд Алануи со сестра му Карлота.

Коментари

Популарно