ФОТО: Ѝ го украде момчето на Памела Андерсон па гордо позира во минијатурно бикини

Атрактивната глумица и модел Мелиса Ризо топлите денови ги поминува на море, а кога се соблече во костим за капење сите очи беа веперени во неа и нејзиниот стомак.

Мелиса направи тетоважа за која многумина не знаеле дека постои, а кога се соблече во костимот за капење таа беше и повеќе од очигледна. Ризо сосема се опушти на плажа, а фотографиите сведочат дека за време на летото, телото го довела до совршенство. 

Глумицата со насмевка позираше кон фоторепортерите, а како изгледа сега погледнете на следните фотографии. Атрактивната глумица е многу популарна на социјалните мрежи каде што постојано ги известува фановите за детали од приватниот живот.

Се шпекулира дека францускиот фудбалер Адил Рами, кој беше во врска со Памела Андерсон ја оставил Андерсон за да биде во врска со атрактивната Мелиса Ризо.

Коментари

Популарно