Ако имате Инстаграм, големи се шансите да сте една од 142-та милиони луѓе кои ја следат Селена Гомез.
Пејачката има најмногу следбеници од сите, а после неа се Кристијано Роналдо со 124 милиони и Ариана Гранде со 118 милиони следбеници.
Фотографијата на Селена, кадешто е во болница после трансплантацијата на бубрег, објавена пред една година, до вчера беше и најлајкуваната објава на оваа социјална мрежа, со преку 10.600 милиони лајкови.
Но, пејачката сега успеала да го собори сопствениот Инстаграм рекорд и тоа со фотографијата која ја сподели во јавноста, со нејзиното бујно деколте.
Фотографијата на која пејачката позира во бар со коктел во ракара, за само 5 дена собра повеќе од 10.700 милиони лајкови и така стана нова најлајкувана објава на социјалната мрежа.
Изгледа дека никој не може да ѝ се доближи на Селена кога е во прашање Инстаграм, иако во неодамнешно интервју признала дека со месеци воопшто не била на интернет.