(ФОТО) Мартин Вучиќ : Тамара е „Баба рога" пејачиште

Актуелниот директор на Националниот aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, Мартин Вучиќ, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и ја поддржа Тамара Тодевска.

- Еве вака…Јас утре вечер сакам да им дадам поддршка на 17-те други земји учеснички затоа што нив ќе им биде пеколно тешко да се носат со гласот и песната на нашата Тамара Тодевска. Верувајте од лично искуство го зборувам ова…Особено тешко ке и биде на последнатаземја претставничка бидејки ке треба да го превземе микрофонот што нашата “баба рога” пејачиште ке го предаде…Mислам дека не е многу скап покривот за Арената во Скопје, напиша мартин на Фејсбук.

Инаку, Мартин ја претставуваше Македонија во Киев во 2005 година со песната „Ти си сон“ или „Make my day“.

Коментари

Популарно