Еве го доказот: Тамара ЛАЖЕ, намерно ја отпеа така химната!

На 3ти Јуни годинава пишував за Тамара. Денеска е 4ти Јули и еве повторно ќе пишувам за неа. Причината сите ја знаете, па не гледам потреба од вовед.

Пред еден месец напишав:

„Таа е одличен вокал и изведувач со шарм на сцена што плени. Се останато што Тамара како личност преставува, јас го презирам. Или во една реченица, како пејач е одлична, како личност е опортунист. Јас таквите не ги сакам!“, а Тамара тоа упорно го потврдува.

Секој од нас во животот ги чека своите пет минути, период во кој максимално ќе ги искористи сите укажани шанси и ќе го остави својот печат. Тамара ги дочека своите и покажа која е. Таа е главниот естраден лик на оваа Влада. Тодевска пееше на спотот „За европаска Македонија“ пред референдумот, пееше на „Натофест“, на прославата за независноста на Македонија, пред влада, на „Евровизија“, „Парадата на гордоста“ (ок, парадата не беше организирана од владата, ама видовме министри како презадоволно ја фалеа) и конечно еве вчера ја пееше Химната на Македонија на прославата на 4ти Јули во американсата амбасада во Скопје. Поточно, отпеа само дел. Делот со „Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански“ го заборави. Ја смени химната, па по лавините реакции на социјалните мрежи и интернет медиуми реши да се извини и секако излажа:

„Почитувани,

Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.

Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД.

Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.

Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.

Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.

Со почит, Тамара“.

Единствено нешто точно во напишаниот статус на Тамара е дека е направена грешка, јас би додал ОГРОМНА грешка. Сецкањето на химната и нејзино интонирање по свој кеиф е кривично дело, но тоа е работа на институциите, јас ќе се задржам на останатиот дел од лагите.

„Пропустот“ кој Тамара го опишува во статусот на ФБ, всушност е намерен, а затоа има докази. Имено, Тамара само еднаш ја има изведено химната како што треба (на прославата за осамостојувањето лани), а во сите нејзини други изведби, таа сама си ја аранжира химната, по свој кеиф! Докази за тоа има неколку на ЈуТјуб, па дури и интервју за Вест, во кое таа директно кажува дека сама си одбрала кои строфи од химната да ги пее на фудбалскиот меч Македонија – Белгија во 2013 година!  И тогаш како и сега, македонските револуционери и херои ги изостави од химната. И тогаш, како и сега реакција од јавноста и медиумите имаше, но не беше волку жестока. Токму затоа Тамара во 2013 година имаше храброст да каже дека неа химната така и се допаѓа, а денеска лаже и бара прочка! Не се работи за еуфорија, ниту за пропуст! Се работи за намерно менување, односно кратење на химната, по нејзин вкус, како и години претходно! Тамара, ниту има, ниту имала чувство за национална припадност, патриотизам, љубов кон својот народ и нација. За неа химната е уште една песна, која треба да се аранжира за таа да се истакне што подобро! Но, ова не може да ви го каже, па затоа бара прочка повикувајќи се на еуфорија. Еуфорија пеејќи химна пред 200 луѓе може да има почетник, а не пејачка која пред еден месец пееше на Евросонг пред огромна публика.

Тамара ужива во ангажманите од владата на Заев и тоа секако го наплаќа. Секаде каде има потреба од естраден уметник, Тамара е присутна, како да е едниствената пејачка во Македонија. Тамара намерно ја „сецна“ химната, како и многу пати претходно и да Тамара ЛАЖЕ дека тоа бил пропуст. На неа не и гајле дали се повредни нашите чувства, како што не и беше гајле во 2013 година, кога јавно си кажа дека таа сама си одбрала две строфи од химната! За неа не е чест да се пее химната, туку тоа е шанса да заработи за таа интонација! Тамара ја интересира само Тамара! Затоа и изјавата за амбулантите возила и парите потрошени за нејзиниот настап на Евровизија.

Дали институциите ќе ја гонат, не знам, иако искрено не верувам. Дали народот ќе и прости, не знам. Секој за себе ќе одлучи. Јас лично немам што да и простам. Јас друго и не очекував од неа. Се простува за постапка, за грешка, за пропуст. Не се простува за отсуство на морални, национални, општествени норми. Не можам да простам кога некој во „покајанието“ лаже, ниту пак да простам што Тамара е Тамара! Можам да ја прифатам и да имам свој став за неа, но нема што тука да се прости. Останувам на она што го напишав по Евровизија.

„ Тамара е одличен вокал и изведувач со шарм на сцена што плени. Се останато што Тамара како личност преставува, јас го презирам.“

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно