Македонија горда на ова младо момче

Андреј Јакимовски постигна 33 поени на мечот со Грузија, која што почна редовно да извезува играчи во НБА и Евролига.

Ги зачини со 8 скока и МВП индекс 42. На дуелот од второто коло, против Украина имаше 21 поен, 11 скока, со 2 асистенции и 3 украдени топки, без НИТУ ЕДНА ЗАГУБЕНА топка за скоро 36 минути на паркетот, со индекс 23.

На првиот дуел со Ирска, постигна 23 поени (20 во првото полувреме) плус 11 скока и 3 асистенции за индекс 31.

Македонската јуниорска репрезентација е речиси сигурен патник во четвртфиналето на ЕП Б Дивизија, откако ја совлада Грузија со 87-79 (20-19, 20-18, 31-25, 16-17 ),  во рамките на третото коло.

Избраниците на Тони Симиќ го осигураа врвот со три победи во исто толку меча, до крајот остануваат да ги совладаат Данска и Словачка.

Овој дуел го оправда епитетот на дерби во групата Б, на мегдан излегоа двете непоразени репрезентации. Нашите надежи за нијанса беа подобри во првото полувреме (40-37), но онаа поголема позитива ја направија во третата четвртина, секако предводени од незапирливиот Андреј Јакимовски.

Последните десет минути беше вистинска „нишалка“, Македонија имаше позитива од пет поени (73-68), а потоа и плус шест (76-70), но Грузија се врати, намали на 76-75. Исјаловски не ги искористи двете слободни фрлања, но среќа противникот не успеа да реализира од линијата за три поени.

Во последните три минути по половичната реализација на Даниловски влеговме со 77-75, но Грузија веднаш израмни за вистинска драма.

Јакимовски со тројка го врати водството на 80-70, а потоа со нова тројка во изведба на Исајлоски, Македонија почна сигурно да чекори кон третиот триумф.

Утре е ден за одмор во Орадеа, веќе во вторник Македонија игра против Словачка, селекција која треба да ја добиеме.

Коментари

Популарно