ВИДЕО: Запросување на годинита!

Еди Ококо е 30. годишник од Англија кој „тајно ја запросувал“ својата девојка дури 23. пати, пред да фати совршен момент за „официјално“ запросување. 

Окоро еднаш, со прстенот во раце ја фотографирал како спие, наредните два дена кутијата со прстенот ја оставил во нејзината кутија со накит, а таа не го забележала. Кога тоа не го сфатила тој си направил предизвик да направи што повеќе фотографии со неа и прстенот пред таа да сфати за што станува збор.

„Конечно можам да ви ја раскажам цела приказна. Сите оние кои ја запросиле својата поубава половина знаат дека е важно тоа да се одработи на начин кој ќе покаже каков пар сте, но воедно ќе ја докаже и вашата голема љубов. Некои планираат вечера, други прават посебен декор…јас не сум еден од нив. Доста сум смотан“, ја започнал Окоро приказната на Фејсбук.Додал дека кога неговата девојка Коли би открила и би почнала да го потпрашува што планира ако тој би и предложил да одат на посебна вечера или излет, бидејќи тоа не е негов стил. Поради тоа прстенот постојано го носел во џебот надевајќи се дека ќе наиде посебен момент во кој ќе може да ја запроси.

„После еден месец размислување за тоа што би можел да направам, легнав на каучот и го гледав прстенот, кога таа за малку ќе ме фатеше. Тогаш сфатив дека би можел да почнам да ги бележам тие моменти и да направам галерија од фотогарфии на кои за малку ќе бев фатен со прстенот“, продолжил тој.

Окоро потоа продолжил да прави фотографии на кои се Коли и прстенот се до моментот кога сфатил дека е тоа совршен момент за запросување.

Неговата галерија добила повеќе од 30. илјади лајкови и двојно повеќе споделувања на Фејсбук, а коментарите потврдуваат дека идејата била уникатна и генијална.

Коментари

Популарно