Заврши лидерската средба - договор НЕМА!

Во три часот утрово, по речиси 7 часа прегови меѓу СДСМ, предводена од премиерот Заев и министерката Рената Дескоска и ВМРО ДПМНЕ од другата страна, со Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски, како главни преговарачи, завшри лидерската средба.

Главна, а најверојатно и единствена тема на средбата беше законот за ЈО, односно превземањето на ингеренциите и случаите од СЈО. По 7 часа преговори меѓу најголемите македонски партии, до договор не дојде. 

Според извори од СДСМ, пречка за договор било инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017.

Власта понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддрежан од 61 пратеник кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта. Опозицијата барала кај него да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, барајќи можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници.

Од опозициската партија пак, вината ја префрлаат во редовите на СДСМ и нивната желба Вилма Русковска да биде на чело на новото тело во рамките на ЈО, кое ќе се бори против високиот криминал и корупција.

Не се знае дали во следниов период повторно ќе има средби меѓу преговарачките тимови од двете страни.

Коментари

Популарно