Заврши лидерската средба - договор НЕМА!

Во три часот утрово, по речиси 7 часа прегови меѓу СДСМ, предводена од премиерот Заев и министерката Рената Дескоска и ВМРО ДПМНЕ од другата страна, со Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски, како главни преговарачи, завшри лидерската средба.

Главна, а најверојатно и единствена тема на средбата беше законот за ЈО, односно превземањето на ингеренциите и случаите од СЈО. По 7 часа преговори меѓу најголемите македонски партии, до договор не дојде. 

Според извори од СДСМ, пречка за договор било инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017.

Власта понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддрежан од 61 пратеник кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта. Опозицијата барала кај него да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, барајќи можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници.

Од опозициската партија пак, вината ја префрлаат во редовите на СДСМ и нивната желба Вилма Русковска да биде на чело на новото тело во рамките на ЈО, кое ќе се бори против високиот криминал и корупција.

Не се знае дали во следниов период повторно ќе има средби меѓу преговарачките тимови од двете страни.

Hикнува нов ѕид овој пат кај Св Стефан

По парапетчето во Градиште, никнува нов ѕид овој пат кај Св Стефан. Денес тешка градежна механизација работи на градба на нелегален објект на самиот брег на Охридско Езеро, во месноста Свети Стефан каде се сечат дрва и се гради потпорен ѕид, пренесува Скопје1.

Во Тетово полиција бележи зголемување на бројот на изречени казни поради неносење заштитни маски

Тетовската полиција бележи зголемување на бројот на изречени казни поради неносење заштитни маски за лице, кои се задолжителни согласно владината уредба за превенција од ширење на коронавирусот. Денешниот биланс изнесува 64 казнети граѓани, после вчерашните 40 изречени казни.

-Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот 28/29 мај за неносеање заштитни маски на вкупно 64 физички лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на тетовската полиција.

СВР Тетово бележи 75 нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат додека вкупно биле контролирани 197 лица. Изјави за самоизолација потпишале 10 луѓе, а контрола била извршена на 29 луѓе.

Бисера здрава и жива ја напушти клиниката “Жан Митрев” и си замина дома

Малата Бисера од Прилеп, јавноста ја запозна откако нејзините родители Александра и Оливер објавија неколку видео снимки од нивното девојче кое едвај диши, а со месеци лежеше во Детската клиника.

Родителите бараа детето да биде соодветно третирано, а потоа бараа и лекување во друга болница.

Под притисок на јавноста, Бисера ја напушти Детската клиника и беше згрижена во приватната клиника “Жан Митрев”.

Лекувањето таму чинеше многу пари кои семејството не можеше само да ги обезбеди, но тогаш се случи чудо. Голем број граѓани од Македонија и од странство донираа и за кратко време се собра сума која овозможи Бисера да биде третирана во клиниката на “Жан Митрев”.

Од клиниката денеска објавија видео на кое ја објаснуваат целата постапка на лечењето и го поопштија најважното дека малата Бисера заминува дома жива и здрава.

Популарно