Нашата најпозната и најубава рнб и поп пејачка Елена Ристеска стана инспирација за Ријана и нејзиниот тим од Fenty Beauty мејк-ап линијата.
Имено, фотографијата од совршеното лице на Елена Ристеска се најде на официјалниот инстаграм профил на мејк-ап линијата на Ријана.
И сето ова се случи откако Елена го доби совршениот изглед под вештите раце на мејк-ап артистот Даниел Николовски, кој ја постираше фотографијата на неговиот инстаграм профил.
Потоа се е историја. Убавото лице на Елена се шерува со брзина на светлината.
И Елена се заблагодари :)