ФОТО: Хазан од „Ќерките на Фазилет“ во бикини

Младата турска актерка Дениз Бајсал гледачите на турските серии ја запознаа како убавата Хазан, ќерката на Фазилет, од истоимената серија.

Нејзината улога е повлечена девојка која сиромаштијата и лошиот живот ја тераат само да ја зачува својата чест, онаа на мајка си и семејството.

Таа моментално заедно со својот свршеник ужива на море, а овие моменти од нејзината приватност ги објави на својот Инсатграм.

Дениз има тело на модел,а осбено се истакнува нејзиниот тесен струк. Инаку, Дениз е родена 1991 година, а од своја 10 годишна возраст оваа турска убавица е на театарската сцена во Измир.

Таа исто така досега работела и како учителка по глума, а со актерство почнала сериозно да се занимава откако нејзината професорка ја натерала на тоа.

Во ноември 2018 година таа се свршува со својот избраник Барис Јутчу кој е пејач во турската група „Колпа“.

Коментари

Популарно