ВИДЕО: Цеца пееше на роденденот на Врањеш и ја „излуде“ публиката

Само што пристигнала на прославата, Светлана Цеца Ражнатовиќ ги развеселила гостите кои присуствувале на роденденот на фудбалерот Огњен Врањеш.

Тој веднаш седнал во првиот ред и уживал во музиката, а таа се појавила во долг фустан и го извела својот хит „Ваздух кои дишем“, додека гостите го скандирале нејзиното име.

„Јас сакам да му го честитам роденденот на домаќинот, како и на неговото девојче, да ни се здрави и живи 100 години и секако најсреќни на светот! Живели!“, рекла Цеца и продолжила да ги пее своите песни.

Огњен роденденот го славел во Атина, каде први се појавиле неговите соиграчи од клубот. Дола и неговата 5-годишна ќерка која исто така славела роденден, а тој од неа цела вечер не се одвојувал.

Коментари

Популарно