(ФОТО) Елена Ристеска: Се борам во овој машки свет

Поп пејачката Елена Ристеска ја доби наградата „Дама на годината“ во регионот, за постигнувања, работа и креативност на регинално ниво, што се одржа во Врњачка Бања во Србија.

- „Благодарам за наградата “Дама на годината” за регионот- за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17 години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис-основање на мој бренд за козметика, наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој “машки” свет, како самостојна и независна жена“, напиша таа.

Коментари

Популарно