Фото: Српската пејачка Рада Манојловиќ депортирана од Швајцарија – ова е причината

Познатата пејачка цели шест часа била испитувана!

Српската пејачка Радмила Манојловиќ вчера доживеала голема непријатност, а како што пишува српски „Блиц“, таа во Швајцарија била задржана нешто повеќе од шест часа поради проверка.

Според тоа што дознава српскиот весник, не и било дозволено да влезе во земјата, па ја депортираале накај Белгард од аеродромот во Цирих.

Рада Манојловиќ која стана популарна после шоуто на „Ѕвездите на Гранд“ требаше да настапува во Швајцарија, но бидејќи немала виза не и било дозволено да стигне до својата крајна дестинација и да настапува пред своите фанови.

Според информациите, во 17 часот била приведена за проверки ии веднаш потоа од аеродромот во Цирих депортирана во Белград.

-Имав виза, се беше платено и отштампано, платен и данок за мојот настап, а не ме пуштија затоа што немам работна виза во пасошот. Немам виза во пасошот затоа што тие не работеа поради Ноќта на вештерките.Многу ми е жал за публиката. Јас концерти не откажувам ниту кога сум м**тва болна. Настапот повторно ќе го закажеме, овој пат нема да биде празник се надевам. Бирократија е тоа, не сум прва ни последна со ваков проблем – рекла пејачката.

Коментари

Популарно