Денеска се палат коледарски огнови.
Коледарските огнови се предвесник на Бадник.
Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за здравје и бериќет.
Иако според толкувањата на црквата овие обичаи се пагански, граѓаните ги практикуваат како можност за дружење пред божиќните празници.
Меѓутоа во општина Аеродром -бул Јане.Сандански бр. 56 станарите подготвиле оган од „отпадни“ материјали, а децата од околината им оставија порака „ВО ИМЕ НА ДЕЦАТА ОД НАШЕ МАЛО НЕ ГО ПАЛИТЕ ОВОЈ ОТРОВ“ На здравје ракија со иверица