Фото: Децата замолија да не се палат огнови

Денеска се палат коледарски огнови.

Коледарските огнови се предвесник на Бадник.

Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за здравје и бериќет.

Иако според толкувањата на црквата овие обичаи се пагански, граѓаните ги практикуваат како можност за дружење пред божиќните празници.

Меѓутоа во општина Аеродром -бул Јане.Сандански бр. 56 станарите подготвиле оган од „отпадни“ материјали, а децата од околината им оставија порака „ВО ИМЕ НА ДЕЦАТА ОД НАШЕ МАЛО НЕ ГО  ПАЛИТЕ ОВОЈ ОТРОВ“ На здравје ракија со иверица

(Фото) Мртви ладни си го раскопаа новит парк во Козле

Кој дал дозвола за поставување на  цевки во Паркот Македонија 2 ден( спроти поранешна Алумина )

Без разлика дали се работи за топловод, гасовод, водовор или било што и да е друго некој кој до вчера коси кубеше за зеленило денеска уништува огромна зелена површина. Одоворот треба да го дадат Град Скопје и општина Карпош но тој несмее да биде дека просторот ќе се врати во првобитна состојба.


После ваквото копање нема да има првобитна состојба. Многу од дрвата ќе се исушат а срушено се и летниковци и реквизити за играње за децата. Дали можеше да се избере да се постави оваа инсталација на само неколку метра понатаму на постоечкиот тротоар каде што нема зеленило? Или враќањето во првобитна состојба е многу поскапо паѓполесноме да се копа во паркот? 

Многу прашања остануваат неодговорени а најсиптоматично е што ќутат и дел од советниците во советот на општина Карпош од СДСМ кои живеат во непосредна близина на овие ровови од 3-4 метри длабочина.

Испратено од Столе

Фото: Што народ сме?

Градски парк Скопје неодамна поставени корпи за отпадоци,а глетката е загрижувачка. Корпите се механички деформирани- оштетени, дополнително канделабрите се со отворени контролни кутии.

Прашања до надлежните:

1. Кој е сторителот на оштетувањата?

2. Дали надлежните планираат да преземат нешто со цел да се спречи оштетување на инвентарот во градскиот парк?

3.Апелираме да се санираат столбовите на уличните сијалци-канделабрите со цел спречување на трагични настани.

 улични сијалици со 

Популарно