Аерозагадувaњето главна пpичина за респираторните зaболувања

Додека загадувањето во Скопје урива светски рекорди речиси незабележано поминаа резултатите од испитувањето на последиците од загадувањето на амбиентниот воздух врз здравјето децата во Скопје, објавува Мета.мк

Највисока стапка на вкупен број на прегледи кај лекар специјалист заради болести на дишните патишта е регистрирана во Општина Центар додека најмалата била во Сарај, се вели во заклучоците од испитувањето на последиците од загадувањето на амбиентниот воздух врз здравјето на луѓето, со посебен осврт на децата од претшколска и школска возраст (2017/2019) кое беше финансирано од ланскиот буџет на Градот Скопје.

Притоа најголемиот број на прегледи заради респираторни болести бил забележан кај возрасната група од 0 до 6 години во Општина Центар, а старосната група над 15 години од истите причини најчесто одела на лекар во Карпош и Центар, и повторно најретко во Сарај.

Највисока стапка на прегледи заради астма и влошување на aстмата кај децата како еден од главните здравствени индикатори на штетното влијание на загадениот воздух е регистрирана во општина Центар, најниска во Сарај.

Ова истражување како посебно акутен проблем во аерозагадувањето во скопската котлина ги наведува ПМ 2,5 честичките, кои државните мерни станици ги мерат само на неколку локации низ земјава. Според истражувањето, намалувањето на температурата на амбиентниот воздух и зголемувањето на концентрацијата на загадувачките ПМ 2,5 честички, статистички значајно ја зголемуваат природната смртност во Градот Скопје.

Коментари

Популарно