Аерозагадувaњето главна пpичина за респираторните зaболувања

Додека загадувањето во Скопје урива светски рекорди речиси незабележано поминаа резултатите од испитувањето на последиците од загадувањето на амбиентниот воздух врз здравјето децата во Скопје, објавува Мета.мк

Највисока стапка на вкупен број на прегледи кај лекар специјалист заради болести на дишните патишта е регистрирана во Општина Центар додека најмалата била во Сарај, се вели во заклучоците од испитувањето на последиците од загадувањето на амбиентниот воздух врз здравјето на луѓето, со посебен осврт на децата од претшколска и школска возраст (2017/2019) кое беше финансирано од ланскиот буџет на Градот Скопје.

Притоа најголемиот број на прегледи заради респираторни болести бил забележан кај возрасната група од 0 до 6 години во Општина Центар, а старосната група над 15 години од истите причини најчесто одела на лекар во Карпош и Центар, и повторно најретко во Сарај.

Највисока стапка на прегледи заради астма и влошување на aстмата кај децата како еден од главните здравствени индикатори на штетното влијание на загадениот воздух е регистрирана во општина Центар, најниска во Сарај.

Ова истражување како посебно акутен проблем во аерозагадувањето во скопската котлина ги наведува ПМ 2,5 честичките, кои државните мерни станици ги мерат само на неколку локации низ земјава. Според истражувањето, намалувањето на температурата на амбиентниот воздух и зголемувањето на концентрацијата на загадувачките ПМ 2,5 честички, статистички значајно ја зголемуваат природната смртност во Градот Скопје.

Горан Белојевиќ: Лекот против вирусот е тука! Вирусот бега од него како ѓавол од темјан!

Професорот на медицинскиот факултет Горан Белојевиќ во јавноста познат како др. Масерати се појави со везир и објасни зошто смета дека пробиотиците се лек за к0вид-19.

„Јас тврдам веќе шест месеци дека оваа пандемија ќе заврши само со пробиотици. Нема да кажа дека сум единствен во свет, но тоа е мала група научници кои истото го зборуваат“, вели др. Горан.

„Постојат бактерии во нашите црве, односно една незамислива армија од која вирусот бега како ѓавол од темјан“, објаснува докторот.

„Еден човек се разболе тешко од ковид, се лекуваше 12 дена, а неговата сопруга пиеше пробиотици и не се разболе, а тие спијат заедно“, вели докторот.

Повеќе од интервјуто на познатиот српски доктор може да прочитате на овој ЛИНК.

Компир-пире со месо и сос

Направете супер вкусни компири со месо.

СОСТОЈКИ:

1 кг. компири

2 лажици маргарин

50 мл. млеко

500 гр. мелено месо

250 мл. доматен сос

1 главица кромид

2 чешни лук

200 гр. моцарела

ПОДГОТОВКА:

Се мие и вари компирот. Се цеди и се пасира како пире. Се додава врело млеко и маргарин.

Се пржи сечениот кромид на масло, се додава месото, ситнет лук и се пржи кратко.

Се додава доматното пире и се динста 15 минути со додавање зачини.

Се премачкува тава со масло, се става меленото месо, компир-пирето, па моцарела рендана или сечена.

Се пече на загреана рерна на 200 степени 25 минути.

Готви.мк

Популарно