ФОТО: Се соблече во пешкир и ги запрепасти сите

Реа Дурам некогаш важеше за една од најубавите американски манекенки, а и денес може да се слушне во модниот свет дека припаѓа во оној ред супермодели кои хикогаш не добиле заслужени признанија, иако поставиле одредени стандарди во светот на моделингот.

Красела насловни страници од некои од најпрестижните модни магазини, шетала по пистите на скоро сите луксузни брендови, а била и една од првите ангели во јатото на Викторија Сикрет.

Но, денес оваа атрактивна 41-годишна манекенка живее далеку од модната писта, посветена е на мајчинството и убавиот живот со сопругот.

Таа е инаку во брак со холивудскиот актер Марк Волберг, а заедно се уште од 2001 година и имаат три деца. Важат за еден од најскладните парови во светот на шоубизнисот и практично се нераздвојни.

Неодамна се фотографирани заедно на Барбадос, каде одмораат и ги поминуваат Божиќните празници, а покрај тоа што Реа пленела со насмевка и самодоверба, видно е дека прилично се опуштила во однос на минатите денови.

Дали годините или трите бремености или пак повлекувањето од моделингот  го направиле своето, но јасно е дека оваа дама нафрлила неколку килограми, односно дека нејзиниот заоблен стомак бил забележителен во едноделен костим кој и не биле најдобар избор.

Коментари

Популарно