Хуманоста на дело: Момчето кое го фати Светиот крст во Делчево го донираше телевизорот кој го доби како поклон

Хуманоста е одраз на големите луѓе. Среќниот фаќач на Светиот крст во Делчево, Васе Панчовски заедно со неговата група одлучија денешната освоена награда, телевизор која ја доделува компанијата Зегин, да го подарат на семејство од Делчево.

Како учесник во годинешните Водици, заедно со мојата група одлучивме наградата телевизор која како среќен фаќач на крстот ја доделува Зегин да ја подариме на некој на кој навистина му треба. Во консултација со мои другари решивме да го доделиме на ова семејство. Во чест на празникот доделивме и икона Богојавление. Нека им е честит празникот на сите граѓани, изјави Панчовски.

Заблагодарувајќи се за донацијата, од семејството во чиј дом беше дониран телевизорот на сите граѓани им посакаа добро здравје, среќа и успех во годината.

Панчовски вторпат го фаќа чесниот Крст во Делчево. Минатата година тој исто така го извади чесниот крст од водите на реката Брегалница. Минатата година исто така доби награда телевизор и 10 илјади денари од Општината.

Коментари

Популарно