ФОТО: Јелена Карлеуша на аеродром ја дочека нејзината тетка

Српските медиуми ја фотографирале Јелена Карлеуша додека се враќала од еден настап од странство, а на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ ја дочекала нејзината родена тетка Данијела.

Познато од претходно е дека пејачката има исклучително близок однос со сестрата на својата мајка Дивна, кој станал уште посилен откако ЈК пред скоро една година останала без својата најголема поддршка во животот. Јелена од детството секогаш истакнувала дека со тетка ѝ има близок однос и може да разговара на најразлични теми, а многумина велат и дека многу личи на неа.

Како и да е, тетка ѝ овој пат била на висина на задачата, затоа што не само што дошла по Јелена, туку и ѝ помогнала околу багажот.

Коментари

Популарно