Нема повеќе „гледање женски“ без пари

Оваа вест ќе „им падне тешко на туристите“ кои го посетуваат Амстердам,  имено властите во овој град кој со години трпи последици од преголем број на туристички посети кои создаваат гужва на улиците кои се напоредно со каналите и тоа во срцето на историскиот дел на градот каде што се наоѓа и квартот на црвените фенери.денес им забраниле на групни туристи со водич во обиколка на квартот познат по црвените фенери, каде што туристите гледаат во полуголи про**итутки и други се*суални работници во излогот.

Oваа одлука најавена од властите во Амстердам е само обид да се намали прекумерниот број на туристи и да ги заштити работниците во тој кварт кој е “магнет“ за посетители, како и таа област да се расчисти. Особено за туристи кои поминуваат групно и ги злоупотребуваат се*суалните работници и се фотографираат без нивна дозвола.

“Омаловажувачки е се*суалните работници да се третираат како туристичка атракција“, рекол вице-градоначалникот на Амстердан.

На туристичката група, која е во посета во квартот на црвените фенери и понатаму ќе и биде дозволено доколку водичот се придржува на новото ограничување кое стапува на сила во април а тоа е да не се приоѓа до излозите.

На улицата на црвените фенери секојдневно поминуваат 115 групни обиколки со водич. Градските власти велат дека спроведените истражувањата покажале дека повеќе од половина жители и претпријатија сметаат дека зголемиот број на посетители во таа област им прави проблеми во животот и работата.

Амстердам со години трпи последици од преголем број на туристички посети кои создаваат гужва на улиците кои се наподерно со каналите и тоа во срцето на историскиот дел на градот каде што се наоѓа и квартот на црвените фенери.

Коментари

Популарно