Шницли на поинаков начин
СОСТОЈКИ:
400 гр мелено месо
1 главица кромид
малку презла
1 јајце
сол
зачини по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Меленото месо добро измешајте го со едно јајце и ситно сечкан кромид, па додајте зачини. Откако масата убаво ќе се соедини оставете малку да отстои во фрижидер. После половина час со влажни раце обликувајте плескавици и пржете на тивок оган малку од едната па од другата страна.