Научниците велат дека алгите би можеле да ги заменат горивата

Истражување покажува дека алгите можат да бидат одржливо алтернативно фосилно гориво бидејќи алгите за време на растот го извлекуваат јаглен-диоксидот од атмосферата.

За истражувањето на горивото од морски алги, кои научниците го нарекуваат биогориво од третата генерација се користат обични автомобили.

Десет отсто резервоарот на тест-автомобили се полни со „морско гориво“, а остатокот со бензин.

-Го мериме јаглен-моноксидот, јаглен-диоксидот и нитроген-оксид. Емисијата која ја добивме од горивата од морските алги се потполно на исто ниво, како и она што го добиваме од горивото од пумпа, вели механичкиот инженер, Стен Франдсен.

Истражувачи планираат да го зголемат делот на морско гориво, уверени дека човештвото во наредните години ќе мора да премине на биогориво.

Морските алги се одржуваат. Растат секаде, а потребно е само сонце и море, кои покриваат две-третини од нашата планета.

Сепак, предизвикот на Европскиот истражувачки проект е како да се произведе новото гориво во индустриски размери.

-Кога пред неколку години почнавме со проектот, работевме со квадратни метри. Денес работиме со хектари, а во блиска иднина ќе одиме на квадратни километри. Денес цената на биогоривото на база на морските алги е превисока, веројатно 100 пати поскапа од обичното гориво. Но, наскоро цените ќе паднат и ќе станеме конкурентни на традиционалните горива, вели хемискиот координатор на проектот Берт Гроенендал.

Научниците проценуваат дека оваа технологија може да биде профитабилна во голем обем за околу 25 години.

Коментари

Популарно