Како батеријата на телефонот да ви трае подолго - БЕСПЛАТНА апликација

Најголемата мака на секој корисник на паметен телефон е животот на батеријата. Компанијата Kaspersky Lab го претстави најновото решение за корисниците на Android уреди: апликацијата Battery Life што ги заштитува корисниците од непријатната ситуација да останете со празна батерија кога многу ви треба телефонот.

Според едно истражување, девет од 10 луѓе почнуваат да паничат кога нагло ќе им се испразни батеријата, а исто така се покажало дека на луѓето повеќе им недостига телефонот кога им е исклучен отколку партнерот кога е отсутен.

Решението на Kaspersky Lab е оваа бесплатна апликација што ги идентификува на вашиот уред оние апликации што најмногу ја трошат батеријата. Тоа е посебно важно ако се земе предвид дека 96% од апликациите на Android се активни и „влечат“ батерија и кога не ги користиме. Апликацијата ги зауздува овие „трошачи“ со еден клик, со што се продолжува трањето на батеријата, а корисникот ќе добие итно известување ако некоја од апликациите почне да корист повеќе енергија од вообичаено.

Battery Life ито така може да го пресмета времето до целосно гасење на батеријата, што им дава на корисниците временска рамка во која ќе треба да најдат начин да го наполнат телефонот.

Апликацијата може да ја симнете ТУКА.

Погрешно го полните вашиот мобилен телефон - еве како подолго да ви трае батеријата

Можете да верувате во ова и не морате, но едно е сигурно – експертите од  Battery University научно докажаа дека ако ги следите овие совети батеријата на телефонот ќе ви трае подолго и ќе го сочува најголемиот дел од својот капацитет и по голем број на полнења.

Според истражувањето кое го објави спомнатата компанија, Литук – јонските и литиум – полимерските батерии, кои најчесто се користат во современите мобилни телефони, уреди и гаџети не се отпорни на „стрес“, а некои од секојдневните навики токму тоа им го прават на батериите – „ги стресираат“. За време на голем стрес батериите губат капацитет и стануваат со пократко оперативно време.

[мобилните телефони]

За да подолго имате квалитетна батерија следете ги следните совети:

1.Ако сте ја наполниле батеријата, исклучете ја од полначот – ќе заштедите малку пари кои би ги потрошиле за струја, ќе дадете придонес за зачувување на планетата и батеријата ќе ја изложите на помал стрес

2.Полнете ја батеријата кога ќе стигнете не чекајте да се испразни.

3.Прекинете го полнењето пред да биде 100 отсто наполнета – ќе и учините услуга на батеријата.

4. Не го изложувајте телефон на голема топлина, но ни претеран студ – дури и Apple во iPhone упатството им препорачува на корисниците во текот на полнењето да ја извадат заштитната маска и футрола за да материјата полесно се ослободи од вишокот топлина.

Со мотор излетал од пат: Прилепчанец тешко повреден, во неконтактибилна состојба пренесен во Ургентен

Прилепчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 14:30 часот се случила на магистралниот пат Велес-Штип, кај с.Сарамзалино.

Од полицијата информираат дека М.А. (42) од Прилеп управувајќи моторцикл „Кавасаки“ со прилепски регистерски таблици, изгубил контрола над истиот и излетал од патот.

-Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди (контузија на граден кош, глава и врат, и фрактура на потколеница), кој по укажаната лекарска помош во болницата во Велес, во неконтактибилна состојба бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, стои вo полицискиот билтен.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.

Популарно