СПАСОВСКИ СЕ ПОФАЛИ - СДСМ добила 200 нови членови само од Петровец

Како се наближуваат изборите, така расте и бројот на нови членови и издадени партиски книшки од партиите.

Техничкиот премиер и еден од најистурените играчи на владејачката СДСМ, вчера вечер во рамките на партиските активности бил во посета на Општина Петровец, која има градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

По посетата на Петровец, преку фејсбук се пофали дека партијата од таа општина добила 200 нови членови.

„Нашето членство расте, денеска добивме нови 200 члена во Петровец.

На 12 април нѐ чека важна одлука. Гласот за СДСМ е глас за развој, интеграции, повеќе пари кај граѓаните и силна економија. Да продолжиме напред, кон подобра иднина, кон ЕУ и НАТО!“, напиша меѓу другото Спасовски.

На пресконференцијата што ја одржа заедно со министерот за здравство Венко Филипче откако во земјава е потврден првиот случај на коронавирус, премиерот Спасовски беше прашан како ќе се постапува со оглед што е предизборен период и ќе следуваат митинзи и средби со граѓани, но и дали е можно да се размислува за одложување на изборите, на што тој одговори дека Владата работи на спречување на вирусот. Одлуките за големите собири иии за организираниот превоз ќе зависат од конкретната состојба.

„Денеска во овој момент немаме никаква причина која би значела запирање на нормалниот живот. Но, сите заедно да придонесеме да не не поведат пничните реакции пред реалноста. Денеска сме далеку да претпоставуваме за тоа што ќе се случува понатаму. Ќе бидеме будни и свесни“, објасни премиерот Спасовски. 

Коментари

Популарно