Одлета стиропорот од фасадата на МЕПСО, дел од проектот Скопје 2014

Во вчерашното невреме одлетаа делови од покривот и фасадата од зградата на МЕПСО, во центарот на Скопје. Парчиња од стиропор и гипс се паднати и расфрлани околу зградата и врз службените возила.

„Освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот ‘Скопје 2014’ е и небезбеден за животите на луѓето“, кажа Шилегов, кој претходно најави дека по изборите ќе ги „реши“ спомениците од проектот.

Менувањето на фасадата на МЕПСО во неокласицистички стил чинеше 11 милиони евра.

Од Хидрометеоролошкиот завод велат дека ветерот синоќа бил со јачина од 70 километри на час.

Коментари

Популарно