Се тестираат 14 медицински лица и 4 пациенти од скопскиот Завод за рехабилитација по првиот заболен од Ковид -19 од Тетово

Првиот заболен пациент со коронавирус од Тетово, од 9 до 23 март бил во Заводот за рехабилитација во Скопје, а покачена телесна температура имал по доаѓањето во Тетово, кажа министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција во Владата.

После испитувањето во Центарот за јавно здравје Тетово и појавата на индикации за коронавирус бил испратен на лекување во Инфективната клиника во Скопје.

„Со оглед на тоа дека пациентот бил неподвижен, за време на престојот во Заводот имал една посета. Тим од епидемиолози денес активно разговараше со тимот од Заводот, со 14 здравствени работници и 4 пациенти. Во овој период имало помал број на пациенти од стандардниот број. Ако порано имало 190 пациенти таму, сега имало 40. На семејството од десетина члена им е пристапено преку Центарот за јавно здравје од Тетово и сите се асимптоматични.

Во зависност од резултатите со медицинскиот тим од Заводот во Капиштец и пациентите, ќе се постапи во иднина и ќе се направи стратегија за фунцкионирање на институцијата“, изјави Филипче. Во земјава има вкупно 201 лице заразено од коронавирус, од кои три лица се излечени.

Коментари

Популарно