Манекенката и ТВ-водителка, Марија Лиман, стана позната за време на фудбалскиот Мундијал во Русија, за време на кој беше избрана за најубава навивачка, пред сѐ со својата убавина и серијата провокативни фотографии.
Две години подоцна, таа повторно е во центарот на интересирањето. Убавата Марија се досадува во карантин за време на пандемијата со коронавирусот, па преку Инстаграм почна да бара маж кој би бил постојано со неа и би правел „интересни работи“.
„Барам симпатичен сексуален партнер, кој не е заразен со коронавирусот и кој следните три месеци ќе ги мине во карантин и ќе се забавува“, напиша манекенката под објавената фотографија со сексуална конотација.
Лиман најмногу внимание на СП 2018 предизвика кога се соблече гола по победата на Русија над Саудиска Арабија со 5-0.