ВИДЕО: Лекар плаче на сиот глас бидејќи не смее ни да го допре синот кој трча да го прегрне

Колку им е тешко на лекарите и медицинските лица ширум светот во текот на пандемијата на коронавирусот, секојдневно дознаваме преку бројните снимки и фотографии од преполните болници, особено кога, како што е случај со Италија, мора да бираат кого ќе лекуваат.

Меѓутоа, многумина не ја оставаат маката зад себе, и кога ќе успеат да се вратат дома по долгата смена, не можат само да се опуштат и да ги прегрнат своите најблиски.

Таков пример нѝ доаѓа и од дом на лекар од Саудиска Арабија. На видеото кое масовно се споделува на социјалните мрежи се гледа како тој доаѓа дома по којзнае колку долгата смена, а неговото синче веднаш трча да го прегрне.

Но, наместо прегратка, таткото му вели да застане за да не го зарази, а потоа клекнува, се фаќа за глава и почнува да плаче. Во Саудиска Арабија моментално има 1.104 потврдени случаи на коронавирус и 3 смртни случаи.

Коментари

Популарно