Нов најлош ден во Шпанија, умреа 838 луѓе

Во последните 24 часа во Шпанија од последици на коронавирусот умреа 838 луѓе. Ова е новиот најлош ден од почетокот на епидемијата, потврди шпанското министерство за здравство.

Вкупниот број на мртви од вирусот ковид-19 во Шпанија сега е 6.528. Сепак, позитивно е тоа што брзината на ширење на заразата е драматично падната.

Коментари

Популарно