Фатмир Битиќи: Обезбедуваме цела плата за 75.000 работници

Фатмир Битиќи, претседателот на економската комисија на СДСМ, во денешната дебата со поранешниот министер за Финансии Трајко Славевски во „24 Анализа“ рече дека економската мерка на Владата за исплата на 14.500 денари за секој работник во загрозените приватни сектори ќе ја покрие практично целата нето-плата на 75.000 вработени.

- Со мерките 250.00 работници се таргетирани, а тоа е практично 75 отсто плата за нив во просек. Тоа се 40 отсто работници во приватниот сектор. За 75.000 од нив тоа е целата нето-плата што ја добиваат, рече Битиќи.

Тој вели дека, иако засега тој предлог беше одложен, СДСМ останува на ставот дека ако е потребно, односно ако понатаму се продлабочува економската криза, ќе треба да се намалат платите во јавниот сектор бидејќи државната ликвидност е исцрпена поради тоа што „милијарди исчезнале за 1.000 споменици, жални врби, и отишле во Будимпешта“.

„Мерките се добри затоа што тоа е 70 отсто од просечната плата на вработените, а газдите треба да имаат за да исплатат само 30 отсто во просек, ако не, тоа значи дека имаме структурен проблем во економијата“, вели експертот.

Најави уште една економска мерка која утре или задутре ќе биде донесена за занаетчиите и за самовработените. 

Тој рече дека не е прифатлив предлогот за привремена национализација на вториот пензиски столб. 

Коментари

Популарно