(ФОТО) Џеј Ло објави селфи од теретана, но сите зборуваат за овој детаљ кој го украде вниманието

Латинопејачката Џенифер Лопез (50) не се откажува од вежбање дури и во карантин. Среде најголемата пандемија таа го изнајмила за себе целиот простор за вежбање, но се чини дека ситуацијата се вратила во нормала бидејќи заедно со Лопез тренираат и други.

На една од последните фотографии што таа ги објавила тоа го забележале и нејзините фанови, кои биле загрижени поради мистериозниот маж со маска во заднината на нејзиното селфи.

„Дали го забележавте човекот со маска на лице кој што се наоѓа зад неа?“ – прашал во коментарите некој од корисниците, а некои од луѓето дури покренале теории на заговор.

Луѓето не заборавиле да искоментираат дека пејачката можеби човекот кој што се наоѓа зад неа го држи како заложник во својата сопствена куќа.

Коментари

Популарно