ФОТО: Пожар во домот на Ким и Канје

Во последните недела дена многубројни жители на Калифорнија останаа без своите имоти во катастрофалните пожари. Помеѓу нив се и многу славни личности како Џерард Батлер, Мајли Сајрус, Ким Бесингер и Робин Тик.

Ким Кардашијан и Канје Вест својот имот, вреден 60 милиони долари, сепак успеале да го спасат. Прво им ги евакуирале вилите, а потоа парот одлучи да им платат на  приватни пожарникари со цел да го спасат нивниот дом. Приватна компанија успеала да го изгасне пожарот околу нивниот имот и да го сочува домот, но и домовите на соседите кои исто така ќе настрадале доколку пожарот не беше стопиран. 

Приватните пожарникари инаку им се на располагање само на богатите Американци, а такви услуги се нудат во договорот на осигурителните компании кои ги осигуруваат куќите на најбогатите клиенти.

ФОТО: Некогаш жесток маж,а погледнете го како изгледа денес

65-годишниот холивудски актер Мики Рурк, во текот на осумдесеттите и деведесеттите години беше еден од најпосакуваните мажи на планетата.

Но, неговите последни фотографии ги шокираа обожавателите на Рурк, а некои велат дека изгледа како "пластична баба" бидејќи неговиот изглед е речиси непрепознатлив. Неодамна, актерот бил фотографиран од папараци како го храни своето куче со лажичка кое го сместил во детско столче.

"Некогаш жестокиот маж сега изгледа како пластична баба, носи чанти и го храни кучето со лажичка", напишал еден од обожавателите на славниот Мики Рурк и го насмеал интернетот.

На случајните минувачи им "паднала во око" и неговата необична модна комбинација, но и фризурата. На социјалните мрежи почнало да се нагаѓа дека актерот се подложил на трансплантација на коса или носи перика.

Мики е голем љубител на животните, а во едно од неговите последни интервјуа тој објаснил дека неговите домашни миленици му помогнале во тешките времиња кога се борел со депресијата. На фотографиите се гледа како Рурк го храни своето куче како да му е дете, а откако завршил со оброкот, тој ставил големи очила за сонце и спремно им позирал на папараците.

ФОТО: Татјана Стојановска го прослави роденденот

Македонската презентерка вчера го прослави својот роденден,. Вистинско изненадување ѝ приредија и колегите од Канал 5 телевизија, кои за неа направиле персонализирани чоколади, со нивна заедничка фотографија.

Секако, роденденот не помина без торта. Семејството дома ја дочека водителката со торта и свеќи.

Популарно