Како Америка ги спасувала УЧК од Арачиново?

Исто како и во 2001-та, ниту еден одговорен политичар, медиум или јавна личност не се обиде да ги осуди намерите на воените и дипломатски претставници на САД во Македонија, отфрлајќи ги пронајдоците и сведчоењата како теории на заговор. Но како поминува времето, така и доказите за вмешаноста на структури од САД во војната 2001-ва, но и прислушкувањето и терористичкиот напад од пред две години, се појавуваат како одликувања и награди за лицата кои директно учествувале во овие крвави настани.

Гелн Најт добил наградата не е за било што, туку за спасување на животите на 27 Американци од крвавиот конфликт во далечната Македонија. Нај се фалел дека лично тој спасувал Американци по македонските планини во 2001 година, но недовербата и обвинувањата од спротивниот табор дека лаже, го натераа на оној последен, решавачки чекор- да ја покаже и наградата. И во неа, како што вели и Нај, црно на бело пишува, „за организирање на спасувањето на американски државјани заглавени зад востаничките линии за време на граѓанскиот конфликт во Македонија и за обезбедување на ослободувањето на еден американски државјанин кој бил држен како заложник од востаниците“. Се' на се', 27 на број.

За лицето кое било држено како заложник од „востаниците“ се знае дека станува збор за Војислав Михајловиќ, пензионер кој бил киднапиран во јуни 2001 година, најверојатно во околината на Липково, а бил ослободен 8 недели подоцна, на 26 август, неколку часа по убиството на тројцата Македонци во мотелот „Бриони“ во Челопек. Но, кои се останатите 26 американски државјани кои пожртвуваниот Нај ги спасил од зад воените линии на ОНА?

ПРИКАЗНА

„Голема група Американците беше блокирана меѓу две села во северозападна Македонија. Амбасадата знаеше дека се таму, но сите телефонски врски беа прекинати. Глен (Нај) сметаше дека има шанси да контактира со Американците преку локални политички контакти... Добивме телефонски број на еден политички активист кој живееше во кризниот регион. Користејќи ја таа врска и проширувајќи ја со други броеви од мобилни телефони, Глен успеа да ја организира идентификацијата на сите Американци кои требаше да бидат евакуирани. Потоа Глен разговараше со координаторот за бегалци на Амбасадата за да се обезбеди шофер на автобус кој ќе сака да влезе во областа и ќе ги земе Американците“.

Ова е приказната на Глен Нај објавена во гласилото на американскиот сервис за надворешна политика, која денес ги краси и плакатите од неговата политичка кампања. Во меѓувреме, истите наводи тој ќе ги потврди и во уште неколку интервјуа во локалните медиуми во Вирџинија, особено откако пред неколку недели се засилија критиките од неговите политички противници, дека ја измислил целата приказна.

Глен Нај навистина во 2001 година работел во Американската амбасада во Скопје, а потоа добил позиција на советник во амбасадата на САД во Сингапур, каде ги штител американските интелектуални права за време на преговорите за договорот за слободна трговија меѓу САД и Сингапур. Отаму продолжил и во Израел, Авганистан и во Ирак. Активен бил и дома, во САД, каде бил задолжен за регистрирање на квалификуваните гласачи за новоформираниот парламент во Ирак.

Иако од Амбасадата во Скопје потврдуваат дека Нај им бил колега во 2001 година, не сакаат да ги коментираат неговите наводи, ниту пак, да објаснат кои се Американските државјани кои тој ги спасувал во конфликтот, и од каде биле спасувани. „Не коментираме изјави на приватни лица“, кусо ни одговорија од Амбасадата во Скопје. Ниту штабот на кандидатот Нај нема време да даде објаснување за херојските акти на нивниот шеф во Македонија во 2001 година.

АРАЧИНОВО

- Настанот кој го опишуваат Нај и новинарите кои го опеваат, многу потсеќа на случувањата во Арачиново во јуни 2001 година. Приказната за спасувањето на инструкторите на американската агенција МПРИ од селото, иако официјално никогаш не беше потврдена од САД, сепак и до денес остана да кружи во јавноста. За потсетување, на 8 јуни 2001 година Арачиново го зазедоа припадниците на ОНА, а на 26 јуни тие си заминаа со автобуси од селото, по иницијатива на меѓународната заедница, заедно со инструкторите на МПРИ. Ноќта, револтираните демонстранти го сардисаа Собранието, а беа каменувани и неколку амбасади на западните држави, настани кои делумно ги опишува и Нај во своите изјави.

Иако приказната на Нај има многу нејаснотии и „дупки“, факт е дека тој за делото кое го сторил добил пофалба од Стејт департментот. Но, Нај никогаш не дава точна временска одредница за периодот кога ги спасувал „заскитаните“ сонародници, иако во едно интервју го споменува месец јули, а за имиња на луѓе или на места, со исклучок на споменатиот Михајловиќ, нема ниту збор.

Поранешниот Директор за јавна безбедност во МВР, Горан Митевски вели дека не чул за Нај, а неговата приказна ја поврзува со случувањата во Арачиново. Според Митевски, Амбасадата на САД била против извлекувањето на припадниците на МПРИ од Арачиново, а тоа не сакала да го стори ниту ЦИА, бидејќи сметале дека со тоа само ќе се испровоцира реакцијата на Македонците. Негова проценка е дека тоа би можела единствено да го стори воено-разузнавачката агенција на САД, а целиот бекграунд на Нај, говори дека тој работел за неа.

Процена на Митевски е дека е можно Нај да си придава и поголемо значење од вистинското. „Тоа што тој кажува различни датуми за настанот и за местоположбата и други бројки на луѓе, веројатно е обид да се прикрие вистинскиот настан, и сигурно така и го советувале“, вели Митевски,

МПРИ

- Фактите велат дека и Нај и МПРИ, биле во Македонија во 2001 година. Во соопштение до медиумите, испратено во 2002 година, точно една година по настаните во Арачиново и неколку дена откако медиумите во Холандија, во Грција и во земјава ја објавија веста за присуството на МПРИ во Арачиново, Амбасадата на САД во Скопје тврдеше дека „во Арачиново не биле присутни претставници на МПРИ, ниту, пак, друг американски персонал, освен воениот контингент на НАТО, кој бил испратен во тој крај по барање на македонската Влада“.

„Американци не беа вклучени во обучување или помагање на ОНА во Македонија“, тврдеше Амбасадата.

Наспроти ова, угледниот „Њујорк тајмс“ на 13 октомври 2002 година ќе објави опширна анализа за ангажманот на приватните воени компании- контрактори, низ воените зони во светот, со посебен акцент на МПРИ, за која забележува дека била присутна во Македонија.

„Контракторите и' овозможуваат на администрацијата да ги реализира своите надворешно – политички цели во конфликтите од ниско ниво низ светот- кои често се поттикнати од етничка омраза или вишок оружје од студената војна – без да стравува од медиумското внимание доколку Американски војници се вратат дома во пластични вреќи“, пишуваше „Њујорк тајмс“.

Пуштени во продажба билетите за големиот концерт на Јордан Митев

По повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл - Концерт на Јордан Митев полека но сигурно станува јаве. Деновиве веќе се пуштени и првите он лајн билети преку платформата e – ticket, достапни на следниов линк.

Концертот како што веќе најави Митев ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите...

Он лајн билетите можат да се купат се за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит.. Со почеток на билетите за најверните фанови започнува и кампањата за самиот концертен спектакл за кој Јордан Митев се подготвува во текот на целата година...

Вработување во Беоспорт, Прима Мебел и Делициа!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Беоспорт е компанија специјализирана за спортска опрема, обувки и модна гардероба, која нуди внимателно избрани светски брендови за активен и урбан животен стил. Со својата понуда ги поврзува спортот, удобноста и современата мода, обезбедувајќи производи за секојдневно носење, тренинг, активности на отворено и слободно време.

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Прима Мебел е компанија специјализирана за производство и продажба на мебел за уредување на домот. Со богата понуда на модерни и функционални решенија, Прима Мебел нуди мебел за дневни соби, спални соби, детски соби, кујни, трпезарии, канцеларии и други простории.

Моментално вработува:

Референт за продажба во Скопје
Дизајнер за внатрешно уредување
Советник за продажба во Битола

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Делициа е компанија посветена на создавање и понуда на квалитетни производи, со фокус на задоволството на потрошувачите и внимателно избрани состојки. Со модерен пристап и посветеност кон стандардите за квалитет, ДЕЛИЦИА создава производи кои го збогатуваат секојдневието и носат препознатлив вкус.

Моментално ваработува:

Доставувач

Transcom Macedonia е дел од глобална компанија специјализирана за услуги поврзани со корисничко искуство (Customer Experience), деловни процеси и дигитална поддршка. Компанијата им помага на светски познати брендови преку професионална комуникација со клиенти, продажна поддршка, техничка помош и back-office услуги.

 Моментално вработува:

Консултант за корисничка поддршка на германски јазик во сектор за финансиски услуги (м/ж)

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Сите огласи од Вдл Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/Дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вработување во Be-Da Logistics, Нептун, Макоил!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

Асистент на продажба – Куманово
Магацински работник и администратор во логистички дистрибутивен центар Куманово
Асистент на продажба – Гевгелија
Асистент на продажба – Струмица
Асистент на продажба – Кавадарци
Асистент на продажба – Битола
Асистент на продажба – Скопје
Асистент на продажба – Кичево
Асистент на продажба – Штип
Асистент на продажба - Тетово

Макоил дооел Скопје е компанија со долгогодишно искуство во областа на трговија, производство и услуги, специјализирана за продажба на моторни горива и мазива. Основана во 2006 година, компанијата успешно работи на македонскиот пазар и претставува препознатлив и доверлив партнер за физички лица и деловни субјекти.

Моментално вработува:

Персонал за работа

Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај.

Моментално вработува:

Агент за транспорт и логистика

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

Референт за продажба во Битола

Вдл Бус Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија. Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија на република Северна Македонија.

Моментално вработува:

Хигиеничар/ка

КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија.

Моментално вработува:

Регионален менаџер, за реон Охрид/Струга
Координатор на земјоделие во ЗТД сточарство Богданци
Вилушкарист – Велес

Останатите огласи од КАМ можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

Возач дистрибутер - ц категорија

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно