Ослободителната војска на Косово (ОВК) - Нa 13-ти Април ќе го бомбардираме судот во Тетово!

Адвокатка пријавила дека за утре било планирано да се бомбардира Основениот суд Тетово,откако во својата канцеларија видела лист со порака потпишана од ОВК, соопшти денес доцна попладне Министерството за внатрешни работи.

Според официјалната верзија на полицијата, триесет и деветгодишната тетовка Н.Ј, денеска околу 8 часот и 40 минути пријавила во Полициската станица Тетово дека утрото кога влегла во нејзиниот деловен објект ( адвокатска канцеларија ), лоцирана на улица „Струшка“ во Тетово, на подот забележала писмо.

Како што се наведува во соопштението, во писмото се наоѓал лист хартија на кој рачно, со кирилично писмо, било напишано: „На 13 април ќе се бомбардира Судот во Тетово, големa количинa експлозија има внатре, доста игравте со народот, соопштение ОВК“.

Од полицијата информираат дека веднаш е известен јавен обвинител кој дал насоки за мерките и активностите што треба да се превземат, по што повеќе служби на СВР Тетово испратени се во и околу објектот на Основниот суд Тетово, а известени се и соодветните служби на Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Нешто подоцна, по 13 часот, припадници на Единицата за антитероризам на МВР извршиле комплетно пребарување на внатрешноста на објектот и просторот околу истиот, при што не се пронајдени никакви експлозивни или други средства.

Од МВР наведуваат дека е извршен и комплетен увид, а Секторот за внатрешни работи Тетово работи на расветлување на сите поединости-кој, зошто и со какви мотиви го оставил писмото во адвокатската канцеларија на Н.Ј и која била целта.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно