Ќе си платите казна ако не ја почитувате двојазичноста- Ова се предлог законските измени

Службеното лице кое работи во државен орган каде ќе се комуницира и на македонски и на албански јазик, доколку не го стори тоа ќе мора да плати казна во висина од 1/3 од казната што ќе биде изречена на органот.

Според новиот Предлог- закон за јазици, ДУИ и СДСМ договориле државните органи да бидат санкционирани со 4.000 до 5.000 евра, додека глоба во износ од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече на службеното и одговорното лице во органите.

Ова значи дека службеното лице во органот ќе плати казна од 1.500 евра доколку не го практикува албанскиот како втор службен јазик.
 

Тоа практично значи дека заради непознавањето и непрактикувањето на двојазичноста, обичен административец може да се случи и пет месеци да работи без пари за да ја исплати казната што му ја одредиле Заев и Ахмети.
За казнувањето ќе се грижи цензорско тело „Инспекторат за јазици“. Неговите овластувања ќе бидат определени и со посебен закон.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно