Заврши распитот на Чавков: До полноќ ќе се знае дали ќе биде притворен

Околу 18 часот заврши распитот на Митко Чавков во Основниот суд Скопје 1. Судот сега треба најдоцна за 6 часа (односно до полноќ)  да донесе одлука дали ќе го прифати барањето за притвор од обвинителството за организиран криминал. Распитот за останатите приведени се уште трае.

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, беше приведен утрово и изведен пред судија на претходна постапка во Kривичниот суд за крвавите настани во Собранието од 27 април.Обвинителството го сомничи за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

36-мина се осомничени за крвавиот четврток, кога после изборот на Талат Џафери, за претседател на Собранието, вратите од Собранието ги отворија пратениците Сашо Василевски и Крсто Мукоски, во парламентот упаднаа учесниците на протестите „За заедничка Македонија“, како и стотици вработени во државната администрација.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно