Директорот на Ургентен купува возило од 35.000 евра, а пари за лекови НЕМА!

Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) купува автомобил за 2,16 милиони денари или 35.000 евра. Според тендерот, објавен во петокот, возилото треба да има пет врати, минимум 5 места за седење, моторот да биде дизел, а работната зафатнина да биде минимум 1.950 кубни сантиметри.

Илир Хасани, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар, вели дека патничкото возило се набавува за потребите на кабинетот на директорот на клиниката, односно за да може непречено да ја обавува директорската функција.

„Автомобилот се набавува за директорот, поточно за мене. Оваа набавка е планирана да се реализира следната година, а претходно е одобрена од Управниот одбор на Клиниката. Во склоп на нашата Клиника, која всушност е составена од четири големи клиники, влегува и ортопедската болница за новороденчиња и деца Мајчин дом во Аеродром. Досега никако не успеав да најдам форма да ангажирам возач, кој ќе може да ме вози во мојот приватен автомобил и затоа ќе набавиме автомобил за потребите на кабинетот на директорот“, вели Хасани.

Во спецификацијата за набавка на автомобилот од 35.000 евра стои дека моќноста на возилото треба да биде 110 киловати, како и да биде со стандард од евро 6, или еквивалентно на тоа. Должината на возилото треба да биде минимум 4.850 милиметри, широчината да биде минимум 1.850 милиметри, а височината да биде минимум 1.470 милиметри. Растојанието меѓу оските, според техничката спецификација треба да биде минимум 2.800 милиметри, а багажниот простор да има капацитет од минимум 500 литри. Бојата на возилото, како што стои во тендерската документација треба да биде металик по избор.

Меѓу задолжителната минимална опрема, според техничката спецификација на набавката, возилото треба да има ксенон или лед предни светла, радио, клима уред, централен потпирач за патниците на задните седишта, роло завеси на задните стакла и паркинг сензори со камера за паркирање назад.

Оваа клиника, според Хасани веќе две до три години е без автомобил за директорот, бидејќи старото возило се расипало и е расходувано. Тој вели дека плаќањето на возилото ќе се одвива во наредните четири до пет години, бидејќи се плаќа на лизин, а дали ќе се реализира набавката ќе зависи и од буџетот што Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар ќе го добие од Фондот за здравствено осигурување.

„Сѐ уште не се завршени преговорите од Фондот и не знаеме колкав буџет ќе добиеме. Нашата Клиника, како и сите други има долгови, но најголемиот проблем за работењето на клиниката е во тоа што сите тендери за набавки на потрошни материјали и лекови, кои требало уште лани да се реализираат, не знам од која причина претходниот директор не ги завршил. Сега ги реализираме сите тие тендери. На работ на неработење сме, кубуриме и со материјали и со лекови и позајмуваме од другите клиники за да може да работиме. Оваа набавка на возило ќе овозможи нормално да функционира кабинетот на директорот, бидејќи според обемот е најголема клиника во Скопје“, вели Хасани.

Хасани за директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ беше именуван летово, а претходно со клиниката управуваше  Реџеп Селмани, кој беше и министер за здравство во периодот од 2002 до 2004 година.

Извор: sdk.mk

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

ЦУК: Активни три пожари на отворено, изминатото деноноќие имало вкупно 33

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума. 

Активни се три пожари на отворен простор од вкупно 33 регистрирани изминатото деноноќие на територија на државава, до осум часот утрово. Два се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од трите активни пожари, како што се наведува, два се на територија на општина Македонски Брод, а еден е во подрачјето на Сарај. Во Јасен гори мешана шума, а на територија на село Крапа опожарени се ниска вегетација и нискостеблеста шума. Пожарот на територија на општина Сарај е во регионот на село Радуша кон село Дворце. Таму гори ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума.

Популарно