Најчевска: Јас лично бев против донесување на законот за јазици

Реакциите за Законот за јазиците не стивнуваат. Професорката Мирјана Најчевска на својот блог kvadraturanakrugot.crnaovca.mk (http://kvadraturanakrugot.crnaovca.mk/) ги сподели своите видувања за Законот за употреба на јазиците, кој пред неколку дена беше изгласан во Собранието.

Ова е нејзиниот став:

„Морам да признаам јас лично бев против донесување на еден ваков закон. Мислев (и се уште мислам) дека материјата на употребата на јазиците најдобро може да се уреди со ратификација на Повелбата за регионалните и малцински јазици на Советот на Европа.

Оваа повелба плени со својата идеја за заштита на јазиците како дел од културното наследство на Европа, со својата прецизност и со отвореноста за различни решенија зависно од конкретните состојби во одредена држава.

Посебно ми се допаѓа тоа што не е врзана со проценти и бројки туку со она што значи традиционална употреба на јазиците на одредена територија.

Меѓутоа, и покрај тоа што Македонија ја потпиша повелбата (на 25.07.1996), не се реши и да ја ратификува.

И ете – Законот е изгласан.

И во него стои определбата: "јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните".

Во моментот кога во закон ќе бидат ставени бројки, тие мора и да се почитуваат.

За да се почитуваат мора да се знае точно дали е навистина достигнат бараниот процент.

За да се знае дали е навистина достигнат бараниот процент мора да се знае колкаво е точно населението во Република Македонија и дали има етничка/јазична заедница која го исполнува бараниот услов.

Ова не може да се базира на претпоставки (бидејки е суштински елемент на Законот), туку мора да се измери.

Со оглед на тоа дека во Македонија не е направен попис од 2002 година, во моментов нема релевантни податоци за тоа дали некоја од јазичните малцински заедници го исполнува условот предвиден во Законот.

Тоа значи дека Законот не смее да се употребува се додека не биде направен попис.

Така е тоа кога во закон ќе ставиш прецизни бројки. Мораш до нив и да се држиш. Се друго ќе биде политички волунтаризам и спротивно на одредбите на Законот."

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно