Попладнево пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ искористувајќи го своето демократско право, во Собранието на Р.Македонија поднесе голем број на амандмани со цел усогласување на текстот на законот за двојазичност, а согласно забелешките на претседателот Ѓорѓе Иванов кој поради уставни спротивставености одби да го потпише законот за употреба на јазиците, и посочи 19 точки од законот по кој пратениците треба амандмански да делуваат.
Владеачкото мнозинство сепак, не најде доволно демократски капацитет, и наместо тоа во стилот на тоталитарните режими донесе гротескно решение. Имено, најверојатно по налог на СДС и ДУИ, Собраниските служби документите и поднесените амандмани од страна на ВМРО-ДПМНЕ наместо уредно да ги архивираат и материјалите да ги достават до пратениците ги фрлиле во ѓубре, пишува Infomax.mk.