ВИДЕО: Министерство за култура додели субвенции на дете кое пее песни за УЧК!

,,Виган Максути е албанскиот талент од Тетово, кој со сигурни чекори оди кон успех. Тој е ветувачки талент, нова ѕвезда која почнува да свети. Од 2013 година како 7 годишен ученик учествува на детскиот фестивал “Блејат”, каде што ја освоил третата награда со песната “Мојата баба”-  е информацијата која може да се најде за ова веќе 12-годишно момче од Тетово. Во 2014 година за него е направен првиот видео запис  во замокот Селра, за песната со наслов “Гулаб на слободата”. Во 2015 година, ја освои втората награда на Детскиот фестивал со песната “Со песни што ќе кажам”.

За него има повеќе видео записи со детски песнички, но и еден ваков запис, во кој малиот Виган е облечен во маскирна униформа на УЧК и пее песна каде се величи делото на командантот на некогаш паравоена УЧК-Исмет Јашари-Куманова.

Здружението Виган за проектот што го носи истоимениот наслов како песната ,,Гулаб на слободата“, побарало од Министерство за култура 200.000 денари, но комисијата која одлучувала решила да им додели повеќе-300.000 денари, што е исто така невообичаено, бидејќи во принцип речиси секогаш се доделуваат помалку пари од бараното.

Според ова што може да се види, проектот за кој се доделени државни пари е од областа на камерната музика.

Но, Виган од Тетово има добиено субвенција по уште една основа:

 Здружение за образование, култура и наука ВИГАН МГМ-Тетово  Солистички концерт на Виган Максути  Тетово-ЦК Иљо Антески Смок  490.000  300.000

Очекуваме повеќе информации и објаснување од Министерство за култура, бидејќи Петрит Сарачини е недостапен , а на телефонот на Раководителот на одд. за односи со јавност никој не се јавува.

АКО.мк

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно